fbpx
Таг: автобуси

таг: автобуси

Распределени линиите за автобуски превоз во земјава и странство

Министерството за транспорт и врски ја завршило прелиминарната распределба на автобуски линии за 2018 година. Како што стои во соопштението, 91 апликација биле поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации биле за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за меѓународен превоз на патници. За...

ЈСП: Поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени

Денеска поради најавени три протести, голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а дел од автобусите ќе возат по скратена траса од вообичаената, информираат од ЈСП. Од таму додаваат дека „автобусите од јавниот превоз, како возилата на ЈСП Скопје, така и на приватните превозници, ќе сообраќаат согласно условите на терен и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција.“ „Поради протестот на...

ЈСП и Град Скопје ќе купуваат 30-тина нови автобуси на гас

Од идната година по скопските улици ќе возат 30-ина нови автобуси на гас, соопштија на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков. За купување на автобусите, ЈСП ќе зема кредит, а тендерот ќе биде распишан наесен, додека до крајот на годината би требало да биде потпишан договорот со избраниот добавувач, појасни Шилегов. - ЈСП Скопје донесе...

Автобуските линии на ЈСП со летен режим на работа

ЈСП информира дека од 10 јуни (недела), автобуските линии почнуваат со летен режим на работа, а возниот ред може да се види на нивната веб-страница www.jsp.com.mk. Од таму потсетуваат дека викендов, автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) нема да сообраќаат, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно...

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. Фасадата на Сити Галери...

Поради снегот дел од автобуските линии во Скопје се скратени или во прекин

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот со број 24 сообраќа само...

Тролејбусите во Белград ќе одат во пензија

Град Белград планира до крајот на оваа година да купи уште 60 електроавтобуси и да почне да ги „пензионира“ тролејбусите, вели Угљеша Митовиќ, секретар за јавен градски превоз. Во главниот град на Србија сега кинески електроавтобуси сообраќаат на линијата Е1, од споменикот на Вук Стефановиќ - Караџиќ до Делта Сити. Како што известува српскиот весник „Вечерње новости“ предноста на електроавтобусите,...

Шилегов: Градскиот превоз ќе биде бесплатен се до намалување на загадувањето

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека градскиот автобуски превоз ќе биде бесплатен се до намалување на загадувањето. Тој соопшти дека како дел од вонредните мерки што Град Скопје ги воведува за да се намали загадувањето ќе биде и прекинот на сите градежни активности на градилиштата, интензивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори како и ограничувањето на...

Од денеска јавниот превоз во Скопје е бесплатен

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и на приватните превозници почнувајќи од денеска, како и прекин на градежните активности на градилиштата под надлежност на Град Скопје. Истовремено, ќе се ограничи обуката од автошколите, а ќе се врши и засилен надзор над капацитетите што...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапува на сила утре и ќе трае до 15 март 2018 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила до 3.500 килограми задолжителна опрема се зимски гуми на...

За дивеењето на Бит-пазар, во полиција повикани малолетници и тројца возрасни

Заради расчистување на вчерашното дивеење на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, близу Битпазар, полицијата повикала седум малолетници и тројца возрасни на разговор во полициската станица „Битпазар“. Како што соопштува МВР, во инцидентот во кој повреди добиле три лица, кои побарале лекарска помош во Ургентен центар и по интервенцијата биле пуштени на домашно лекување, учествувале голем број лица. Во полициска станица...

Тројца повредени во тепачка меѓу две групи кај Бит-пазар

Две групи вечерва предизвикале инцидент кај Бит-пазар, во кој, според полициски информации, повредени се три лица, а оштетени се и два автобуси. Од МВР не ги соопштуваат причините за инцидентот, а дел од медиумите објавија дека тој бил предизвикан од навивачи кои се враќале од фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Реал Сосиедад (0:6). Како што соопшти МВР, вечерва околу 21 часот...

Коце Трајановски вети 20 електрични автобуси

Актуелниот градоначалник на град Скопје и кандидат за оваа функција на престојаните локални избори, Коце Трајановски, денеска на прес-конференција најави дека доколку повторно ја добие функцијата, ќе набави 20 нови двојни електрични автобуси што не го загадуваат воздухот. - Предвидуваме неколку мерки за модернизација на возилата на сите кои учествуваат во системот на јавниот сообраќаен превоз во Скопје. Првата мерка е...

Фабриката „Санос“ произведе автобуси за извоз во Казахстан

Фабриката за автобуси „Санос“ произведе пет автобуси за извоз во Казахстан, а вредноста на зделката изнесува 800.000 евра, информираа денеска од компанијата. Автобусите се целосно произведени во фабриката во Скопје, со вградени агрегати на германската компанија „Ман“. Од „Санос“ исто така информираа дека планирано е во Казахстан да бидат испорачани 70 автобуси. Фабриката „Санос“, поранешен ФАС „11 Октомври“, ја купи бизнисменот...

СДСМ Аеродром и Општина Аеродром се расправаат за „бесплатното“ рекламирање

Со остра реакција за рекламирањето на Општина Аеродром во медиумите, на билборди и на автобуси на ЈСП „Скопје“ се огласи општинската организација на СДСМ во општина Аеродром, прашувајќи „зошто се трошат народни пари за рекламирање општина“ или, ако навистина рекламирањето е бесплатно, зошто и со што ги задолжила Општината медиумите и огласувачите да го даваат рекламниот простор бесплатно. - Повеќе од...

Во Охрид пристигнаа полски туристи со првиот чартер-лет од Катовице

„ТАВ Македонија“ утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу „ТАВ Аеродроми“ и еден од најголемите полски тур-оператори „Рего-бис“. Првиот чартер-лет, управуван од полската авиокомпанија „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines), пристигна од Катовице и донесе 220 полски туристи во Охрид. - Ќе имаме еден чартер-лет неделно, односно секој...

Во Охрид летово ќе биде забрането движење за туристички автобуси во центарот

Во текот на летната сезона, во централното подрачје на Охрид ќе биде забранет влезот на туристичките автобуси, било договорено на денешната средба на претставници на СВР Охрид, општинскиот сектор за локален економски развој, сообраќајни инспектори и на туристичките агенции. Како што соопшти СВР Охрид, туристичките автобуси не ќе смеат да влегуваат во централното градско подрачје, а на дел од улицата...

Денеска градските автобуси во Скопје по изменети траси

Поради одржувањето на „Скопски маратон 2017“, денеска, во периодот од 7 до 14 часот, градските автобуси во Скопје, односно тие на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници, ќе сообраќаат по посебни траси, кои ќе отстапуваат од вообичаените линии. Toчниот распоред може да се види на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Бесплатен јавен превоз во Скопје поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз од денеска - и во автобусите на ЈСП и во тие на приватните превозници, миење на улиците и контрола на градилиштата и на возилата што ги напуштаат градилиштата, како и повик граѓаните да одат на работа или на факултет со автобус наместо со автомобили, се мерките на Град Скопје за справување со енормното загадување на воздухот...

Забраната за товарни возила за влез во Грција сè уште важи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на места со остатоци од снег, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово - Дебар, каде за другите возила задолжително е користење на зимска опрема. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...