fbpx
Таг: автобуси

таг: автобуси

Манчевски: Груевски прв да го замени „мерцедесот“ од 600.000 евра со електричен автомобил

Ако обвинетиот Груевски навистина веруваше во електрични автомобили и самиот ќе нарачаше еден наместо да нарачува луксузни „мерцедеси“ од 600.000 евра, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, како реакција на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за нови мерки во областа на автомобилизмот и заштита на животната средина. - Доцна е Груевски да ветува мерки со кои покажува лажна...

Скопскиот „трамвај наречен (пуста) желба“, Груевски го смести во историјата

Владејачката партија бега од идејата за трамвајски превоз во Скопје. Откако скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, во март 2015 година го стави проектот во мирување, денеска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека наместо трамвај, Градот Скопје ќе набави „зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај“. - Иако се планираше, трамвајот не се реализираше само поради високата цена што ја...

Малку волонтери во бесплатните автобуси на ЈСП кон поплавените подрачја

Еден од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) наменет за превоз на волонтери кои ќе помагаат во поплавените подрачја утрово во 9 часот тргна кон селото Стајковци, кое е едно од местата кои беа најпогодени во саботното невреме. Во автобусот има три девојки, волонтерки, кои на жителите во Стајковци ќе им помогнат во расчистувањето на нивните домови. Девојките се качија...

Од 1 септември со картичка „скопска“ во сите автобуси

Од 1 септември целосно се укинуваат хартиените билети. Сите граѓани што се возат со јавниот превоз, задолжително ќе мора да користат персонализирана или непресонализирана картичка „скопска“, која ќе важи и за државните и за приватните автобуси. На тој начин ќе се забрза автобускиот превоз, а граѓаните ќе заштедат време, нерви и пари. - Почнувајќи од 1 септември 2016 година, сите лица...

„Ван Хол“ започна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

Белгиската компанија „Ван Хол“ започна со изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската зона Бунарџик 2. Изградбата на фабриката ќе се одвива во три фази, а вкупната инвестиција ќе чини 17 милиони евра. Во фабриката во која ќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар планирани се околу 400 вработувања.

Полицијата не дозволи „блиска средба“ меѓу двете групи демонстранти

Голем број полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици беа поставени кај Соборниот храм во центарот на Скопје за да спречат можен судир помеѓу демонстрантите на „Протестирам“ и поддржувачите на ГДОМ. Откако заврши протестот пред Владата, демонстрантите од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија по булеварот Климент Охридски, каде беа спречени од полицискиот кордон бидејќи по булеварот Партизански одреди поддржувачите на...

Исплашени од инцидентите, бегалците си заминуваат од Идомени

Околу 800 до 1.000 бегалци си заминаа од Идомени во последните 48 часа. Во понеделникот и во вторникот од Идомени заминаа 15 автобуси полни со бегалци, а во кампот и понатаму доаѓаат автобуси подготвени да ги пренесат бегалци до организираните центри. Исплашени од насилството во неделата, бегалците кои се главно дојдени со семејства по повеќе од два месеци во Идомени одлучија...

Четворица полицајци повредени во тепачка меѓу навивачки групи во Скопје

Четворица полицајци биле повредени во тепачка меѓу навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“, што вчера попладне се случила на стадионот „Чаир“ во Скопје, за време на натпреварот меѓу фудбалските екипи на ФК „Шкендија“ и ФК „Силекс“, информира МВР. Според полициските информации, вчера околу 17.30 часот, на стадионот „Чаир“ дошло од нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем со меѓусебна...

Ципрас се заканува со вето во Брисел поради бегалската криза

Грција продолжува да тоне под напливот бегалци. Бројката на бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан продолжува секојдневно да се зголемува. Низ сите центри за мигранти, бегалскиот камп на Идомени, неформалниот камп кај Поликастро, но и покрај автопатот кај Ламиа и ред други делници низ државата, голем број автобуси со бегалци чекаат да видат дали ќе успеат да бидат пренесени до Идомени,...

Гостиварското обвинителство ја расчистува тепачката меѓу навивачите на „Будуќност“ и на „Шкендија“

Вкупно 14 лица се осомничени за тепачката меѓу навивачките групи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Црна Гора и на фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово, што се случи вчера во близина на преминот Стража, кај Сретков мост. Од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштуваат дека е почнато сослушувањето на инволвираните лица. „Истражувајќи го настанот, надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар врши сослушување на инволвираните...

Блокиран граничниот премин Богородица

Такси-превозници и автобуси утринава во 10 часот го блокираа граничниот премин Богородица. Како што соопштија на Автомото-сојузот на Македонија, поради блокадата, оневозможен е влез и излез од Македонија кон Грција. Граничниот премин Богородица, исто како и претходните денови, ќе биде блокиран до 12 часот. Таксистите и автопревозниците протестираат бидејќи не се вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија до Табановце.

Таксистите од Гевгелија повторно ќе ги блокираат границата и градот

Автобуските и такси-превозниците денеска напладне повторно ќе го блокираат граничниот премин Богородица. Протестот на превозниците ќе трае два часа. Возачите на автобусите и такси-компаниите бараат да бидат вклучени во превозот на мигранти според неодамна постигнатиот договор. Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот. Причина за протестот е што изминативе неколку...

Заврши полициската акција во неутралната зона на границата меѓу Македонија и Грција

Грчките медиуми јавуваат дека завршила акцијата за отстранување на мигрантите кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија. Акцијата во која учествувале околу 350 полицајци, поминала без инциденти, а железничкиот сообраќај е повторно воспоставен. Во неутралната зона имало најмалку 2.300 мигранти, најмногу од Пакистан, Сомалија, Алжир и од Бангладеш. Мигрантите со 45 автобуси се пренесени до Атина.  

Десетина повредени при судир на градски автобуси во Аеродром

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи во населбата Аеродром, при судир на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватен градски автобус, кој сообраќа на линијата со број 23. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив во 8 часот била пријавена сообраќајната несреќа на булеварот Јане Сандански, спроти трговскиот центар „Три бисери“. Засега не...

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“. Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила. Според процените, и во текот...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу...

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Маџари

Утре (15 јули), поради реконструкција и проширување на улицата Маџари, од крстосницата со улица Јужноморавски бригади и улицата Антон Попов (по старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица Финска, ќе биде воведен привремен режим на движење, односно пренасочување на возилата и на автобусите од јавниот градски превоз, соопштуваат од Град Скопје. „Автобусите што ја опслужуваат автобуската линија број 65В, наместо...

Два автобуси изгореа во пожар на станицата во Струмица

Два автобуси биле целосно уништени во пожар што денеска се случил на автобуската станица во Струмица, јавува порталот „Струмица денес“. Како што пренесува порталот, благодарение на брзата интервенција на локалната противпожарна единица и на реакцијата на вработените на автобуската, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат. Засега не се познати причините за настанувањето на пожарот.

Превознички маки и сопки за митингот на опозицијата в недела

Повеќе од 2.000 битолчани, членови и симпатизери на опозицијата, најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш што СДСМ и колицијата го организираат в недела во Скопје, потврдуваат од општинската организација на СДСМ во Битола. Според Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ во Битола, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје. - Ги преземаме сите мерки...

Полицијата извршила технички преглед на автобуси и на такси-возила во Куманово

Полициски екипи во Куманово вчера извршиле контрола на 42 автобуси кои вршат јавен превоз на ученици и на 30 такси-возила, информира полиција. Во акциската контрола, која била извршена од стручни лица од Станица за вршење преглед на техничка исправност на возила, било утврдено дека 16 автобуси и шест такси-возила се технички неисправни. Доплнително, полициските службеници при контрола на автобустите на самото место...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...