fbpx
Таг: Авганистан

таг: Авганистан

Почина лидерот на авганистанските талибанци

Лидерот на авганистанските талибаанци, мула Ахтар Мохамед Мансур, им подлегнал на повредите добиени на 2 декемри, соопшти портпаролот на авганистанскиот потпретседател, Султан Фаизи, на „Твитер“. Медиумите на почетокот од неделата јавија дека Мансур е тешко повреден во пукањето кое настана за време на состанокот со талибанските команданти во Пакистан. Мансур летово беше поставен за лидер на авганистанските талибанци.

Силен земјотрес го погоди северот на Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погоди северот на Авганистан, а потресот се почувствувал и во Индија и во Пакистан, објави американскиот геофизички институт. Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал два часа по полноќ по локално време, бил на 22 километри југозападно од Ашкашама и 300 километри североисточно од Кабул, на длабочина од 92,4 километри....

Ослободени киднапирани Хазари во Авганистан

Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека денеска ослободила осум лица кои се наоѓале во голема група од 31 Хазари, кои беа киднапирани на почетокот од годинава. Пет мажи, две жени и еден тинејџер денеска се ослободени на подрачјето на покраината Газни, соопшти извор на Републиканската дирекција за безбедност. Група од 31 припадник на хазарското малцинство, за кои во тоа време се верувало дека го...

Засилени меѓусебните судири на талибанците во Авганистан

Сè поголем е бројот на жртвите во судирите меѓу спротиставените талибанскии фракции на југоистокот на Авганистан, соопшти Гул Ислам Сајал, портпарол на гувернерот на провинцијата Забул. Во соопштението се наведува дека најмалку 47 борци се убиени, а 53 се ранети за време на тридневните судири. Противничката страна заробила најмалку 18 припадници на новата талибанска фракција.

Авганистан: Талибанците прогласија примирје поради земјотресот

Талибанците прогласија прекин на огнот во деловите на Авганистан што во понеделникот беа погодени од земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала. - Ги повикуваме нашите муџахедини да се воздржат од напади врз сите што се обидуваат да им помогнат на жртвите на земјотерсот, вклучувајќи ги тука и претставниците на Владата во Кабул - соопшти портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, додавајќи дека...

Лагард: ММФ ќе им помогне на земјите погодени од земјотресот

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, изјави дека сочувствува со сите што се погодени од земјотресот во Авганистан и во Пакистан, порачувајќи дека ММФ се подготвени да одговорат на овој трагичен настан. Според неа, примарно е колку што се може да им се олесни на овие области и да се осигура безбедноста и благосостојба на тие што ја преживеаја трагедијата.

Авганистан: Талибанците ја презедоа контролата над провинцијата Такар

Талибанските борци зазедоа контрола над авганистанската провинција Такар, соопшти денеска Зонатулах Тајмор, портпарол на покраинскиот гувернер. Во соопштението се наведува дека се во тек интензивни борби затоа што владините сили се борат да ја вратат контролата над покраината. Тајмор изјави дека бунтовниците користат тешко и лесно вооружување во борба за Даркад, кој се граничи со Таџикистан, и додаде дека шест припадници...

Повеќе од 300 загинати и 2.000 повредени во земјотресот што ги погоди Авганистан и Пакистан

Повеќе од 300 загинати и најмалку 2.000 повредени е моменталниот биланс од силниот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што вчера ги погоди Авганистан и Пакистан, јавуваат светските агенции. Во меѓувреме, како што пренесува „Би-Би-Си“, интензивирани се напорите на спасувачките екипи за помош на жителите на погодените области. Спасувачки тимови се испратени во оддалечените планински области каде сè уште...

Сè поголем бројот на загинати во земјотресот во Пакистан и во Авганистан

Повеќе од 100 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди североисточниот дел на Авганистан и на Пакистан. Тресење на тлото од земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала се почувствувало и на северот на Индија и во Таџикистан. Меѓу жртвите има и 12 девојчиња, кои се прегазени во стампедо што настанало по земјотресот, кога луѓето почнале да бегаат од една...

Најмалку 51 загинат во Пакистан и 19 во Авганистан во силниот земјотрес

Најмалку 51 лице загинале во Пакистан, а според медиумските извештаи, уште 20 луѓе ги загубиле животите во Авганистан, во силниот земјотрес што утрово ги погоди северните делови на Пакистан, Авганистан и на Индија, јавува „Би-Би-Си“. Земјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во планините во регионот Хинду Куш, на длабочина од 212 километри, соопшти геолошкиот завод...

Пакистан: 12 загинати и 40 повредени во земјотресот

Повеќе од 12 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој ги погоди Пакистан, Авганистан и Северна Индија, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи официјални претставници. Силни потреси се почувствувале во Њу Делхи, Исламадац и во неколку поголеми градови. Според пакистанските власти, 12 лица загинале, вклучувајќи и едно лице во Пешавар. - Примивме 50 повредени лица, а се очекува...

Силен земјотрес го погоди северот на Пакистан

Силен земјотрес утрово го погоди северениот дел на Пакистан, јавува „Би-Би-Си“. Засега нема информации за силината на потресот. Според првичните информации на „Би-Би-Си“, потресот бил почуствуван и во северниот дел на Индија и во Авганистан. Сè уште нема податоци за евентуално настрадани луѓе и за предзвикана штета.

ИД објави фотографии од камп во Авганистан

Исламска држава објави серија фотографии на кои ги покажува своите најнови регрути како вежбаат во кампови во Авганистан. Иако лицата им се прекриени, се шпекулира дека меѓу нив може да има и деца. Фотографиите прикажуваат дваесетина млади мажи кои минуваат низ серија тешки вежби. Со фотографиите е објавена и порака дека станува збор за „први обучени војници на калифат Корасан“. ИД...

Авганистан: 18 полицајци исчезнале по нападите на талибанците

По нападот на талибанците во авганистанската провинција Фарјаб, на северозападот на земјата, исчезнале 18 полицајци. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Седик Седичи, рече дека шефот на регионалната полиција и 17 негови лица не се достапни од понеделникот. Милитантите тврдат дека го задржале шефот на регионалната полиција, кој е ранет во борбата, заедно со 13 полицајци. Талибанците ги напаѓаат авганистанските сили на...

Путин: Централна Азија е цел на екстремистите од Авганистан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на лидерите на државите од Централна Азија им порача дека постои можност да се соочат со екстремисти од Авганистан. Путин во Казахстан, на самитот на лидери на поранешни советски републики, оцени дека ситуацијата во Авганистан се „приближува до критична“. - Терористи од сите видови не ги кријат своите планови за експанзија. Една од нивните цели е...

Обама, сепак, нема да ги повлече сите војници од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама планира да задржи 5.500 војници во Авганистан и по 2016 година. Според првобитниот план, требало сите американски војници да се повлечат од Авганистан, освен една помала група што би била задолжена за безбедноста на амбасадата во Кабул. Се очекува Обама денеска официјално да ја соопшти одлуката за останување на војската во Авганистан, каде во моментов има распоредено 9.800...

„Лекари без граници“: Бомбардирањето на болницата во Кундуз е воено злосторство

Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека поради изјавата за смртоносно бомбардирање на болницата во авганистанскиот град Кундуз работи под претставка дека е извршено „воено злосторство“. „Според тврдењата на авганистанската влада, талибанските сили ја користеле болницата за да пукаат на силите на коалицијата. Овие изјави укажуваат на тоа дека силите на Авганистан и на САД заеднички одлучиле да ја срамнат со...

САД: Нападот е изведен на барање на Авганистан

Американските воздушни напади во кои загинаа 22 лица во болница во градот Кундуз изминатиот викенд, е изведен на барање на авганистанските сили. Ова го изјави командантот на американските коалициони сили во Авганистан, генерал Џон Кемпбел. Кемпбел рекол дека Пентагон го коригира првичното американско соопштение во кое пишуваше дека бомбардирањето е изведено поради одбрана на американските војници на кои им бил...

Обама се извини за бомбардирањето на болницата во Кундуз

Американскиот претседател Барак Обама се извини за вчерашниот бомбашки напад врз болницата во авганистанскиот град Кундуз и го нарече трагичен случај. Воздушните сили на САД по грешка ја бомбардираа болницата, при што загинаа 19 лица, од кои 12 лекари, а ранети се 37 луѓе. Во текот на нападот во болницата се наоѓале 105 пациенти и 80 припадници на хуманитарната организација...

Сè уште траат судирите меѓу владините сили и талибанците во Кундуз

Судирите меѓу авганистанските сили и талибанците и понатаму траат во Кундуз, важно стратешко место на северот на Авганистан, јавуваа „Би-Би-Си“. Официјалните авганистански претставници претходно јавија дека ја имаат контролата над главните делови на градот. Според жителите на градот, талибанците се потиснати во центарот на градот, а судири се регистрирани и во канцеларијата на гувернерот на покраината Кундуз.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...