fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Седум загинати во новите судири во Украина

Најмалку седум украински војници загинаа во новите судири кои во последните 24 часа избија на истокот на Украина, соопшти украинската војска. - Како резултат на гранатирања, Украина изгуби седум војници, а 24 се ранети - соопшти портпаролот на украинската војска, Владислав Селезњов. Министерството за одбрана на самопрогласената република Донецка денеска обвини дека украинските безбедносни сили ги користат жителите на Авдејевка како жив штит.

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија. Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни...

Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Донецк, на истокот на Украина, по неколкумесечни борби со проруските сили, соопшти војската. - Вчера е одлучено да се напушти територијата на терминалот поради прегрупирање - рече портпаролот на војската, Владислав Селезњов, додавајќи дека во судирите на аеродромот се убиени 10, а ранети 16 украински војници. Борбата за аеродромот ескалираше минатиот викенд, нарушувајќи го...

Могерини: Украина мора да се зачува

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето...

Повеќе од 800.000 Украинци пребегале во Русија

Повеќе од 800.000 луѓе од почетокот на конфликтот во Југоисточна Украина ги напуштиле своите домови и побарале прибежиште во Русија, соопшти руската Федерална миграциска служба (ФМС). Според податоците на руските служби, секојдневно во Русија влегуваат по 1.200 жители од Југоисточна Украина.

Четириесет украински војници загинаа во Донецк

Најмалку 40 украински војници загинаа во последното деноноќие во борбите во Донецк, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република. Како што јавуваат руските медиуми, пет бунтовници и пет цивили се убиени за време на судирите, а 26 се ранети.

Во Донецк загинале 40 украински војници за 24 часа

Во борбите во Донецк, во изминатите 24 часа, загинале 40 припадници на украинските безбедносни сили. Според медиумите, загинале пет бунтовници, додека меѓу цивилите животот го загубиле пет лица, а 26 биле ранети. Гранатирањето на градскиот реон и понатаму продолжува со несмалено темпо.

Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

Проруските сили вчера ја урнаа контролната кула на аеродромот во Донецк, центарот на деветмесечниот вооружен конфликт меѓу Украина и сепаратистите, пренесуваат британските медиуми. Според украинските сили, кои го контролираат аеродромот, зградата била изложена на тежок артилериски оган од проруските сили. Бранителите на аеродромот наведуваат дека проруските сили вчера им дале ултиматум да ја напуштат кулата до 17 часот по локално време...

Украина: 10 загинати при гранатирање на автобус

Десет лица загинаа, а 13 се повредени откако артилериска граната погоди патнички автобус на контролен пункт во источниот украински град Волноваха, кој е под контрола на владините сили. Како што соопшти армискиот портпарол, автобусот превезувал цивили од градот Мариупол.

ОН: Повеќе од 4.800 лица загинале во Украина од почетокот на конфликтот

Вкупно 4.808 лица досега загинаа од почетокот на конфликтот во Украина, соопшти Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања. На листата на загинати се наоѓаат и 298 патници и членови на екипажот на соборениот авион на „Малезија ерлајнс“. Според податоците на ОН, од април минатата година, кога почна конфликтот, па сè до 6 јануари годинава, ранети се 10.468 лица, повеќе...

Москва ќе побара Киев предвреме да го врати долгот од три милијарди долари

Официјална Москва размислува да побара од Украина предвреме да го врати долгот бидејќи властите во Киев не испочитувале низа услови за добивање кредит од Русија во износ од три милијарди долари, јавуваат извори од руската влада. Според истиот извор, актуелната економска и финансиска ситуација во Украина укажува дека низа параметри кои биле услов за добивање на рускиот кредит не се...

Европската комисија најави уште 1,8 милијарда евра помош за Украина

Европската комисија (ЕК) е подготвена да издвои дополнителни 1,8 милијарда евра помош за Украина, изјавил претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Солидарноста со Украина не е обична приказна. Укранина не е сама. Европа стои цврсто обединета зад Украина и ја подржува реформската програма на нејзината влада. Нашите постапки зборуваат погласно од нашите зборови“, истакнал Јункер во соопштението објавено во...

Украина: Привремениот воен данок останува на сила

Украинскиот парламент го продолжи времетраењето на законот за собирање воен данок, кој ќе биде на сила до завршувањето на реформите на армијата. Воениот данок од 1,5 отсто беше воведен минатата година во јули, а беше предвидено да остане на сила до 1 јануари годинава.

Средбата во Минск без напредок за решавање на кризата во Источна Украина

Контакт-групата за решавање на украинската криза вчеравечер во главниот град на Белорусија, Минск, не постигна напредок, а засега нема информации кога ќе се одржи следна рунда преговори. Состанокот се одржа зад затворени врати, а учесниците по петчасовната средба одбија да дадат каков било коментар. На средбата било разговарано за мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот во Источна Украина, за повлекување на...

Киев: Граната фрлена врз украински пратеници

Неидентификувано лице фрли граната врз група пратеници на Врховната рада во центарот на Киев, соопшти денеска украинскaтa полицијата. „Млад човек, чиј идентитет не е утврден, фрлил експлозивна направа врз пратениците“, се вели во соопштението на полицијата. Нема повредени во нападот, а за време на потерата, напаѓачот, исто така, фрлил рачна граната и врз полицијата, притоа повредувајќи едно лице. Во градот Харков, синоќа...

Украина размислува за рестрикции на струја

Украина ќе биде принудена да спроведе дополнителна рестрикција на струја, ако температурата многу опадне, соопшти премиерот Арсениј Јацењук. Украина до неодамна имаше доволно електрична енергија за своите потреби, но повеќемесечните борби со проруските сепаратисти го нарушија снабдувањето на термоелектраните со јаглен, кои обезбедуваат 40 отсто од украинските потреби за електрична енергија. Украинското министерство за енергетика веќе привремено го запре снабдувањето со електрична енергија...

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот долг. „Газпром“ и „Нафтогас“, во октомври...

Украина со закон ја укина воената неутралност

Врховната рада на Украина денеска со 303 гласови „за“ и со осум гласови „против“, го усвои законот со кој се укинува воената неутралност на земјата. Како што јавуваат украинските медиуми, со усвојувањето на законот се поттикнуваат напорите за приближување и за приклучување кон НАТО. Официјален Киев во 2010 година го усвои законот за воена неутралност, но сега со неговото укинување се...

Украина доби кредит од 378 милиони долари од Светска банка

Кредит во вредност од 378,4 милиони долари, одборот на директори на Светска банка ѝ додели на Украина. Средствата ќе бидат искористени за зголемување на безбедноста на електродистрибутивниот систем и за модернизирање на пазарот на електрична енергија.  

Сорос и Строс-Кан главни кандидати за директор на Националната банка на Украина

Познатиот американски милијардер Џорџ Сорос би можел да се најде на чело на Националната банка на Украина, јавува украинската телевизија „Канал 112“, повикувајќи се на извори блиски до претседателот Петро Порошенко и на извори од Врховната рада. Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доменик Строс-Кан, исто така, е еден од кандидатите за челната позиција на Националната банка на Украина. Телевизијата јавува...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...