fbpx
Таг: филм

таг: филм

Претставен првиот филм во виртуелна реалност

Компанијата „Околус рифт“ на фестивалот „Санденс“ го претстави својот прв краток филм наречен „Изгубен“ (Lost), кој посетителите можат да го погледнат со помош на виртуелни очила. Во филмот, гледачот се поставува во улога на големи роботски раце кои се наоѓаат во шума и трагаат по своето тело. Иако самата околина во која раката се движи е интерактивна, екипата која работела...

„Шеќерно дете“ ќе добие најмногу од филмскиот буџет за 2015 година

Агенцијата за филм на Македонија ги објави резултатите од првиот конкурс за филмови, според кој 23 филмови ќе добијат дел од филмскиот буџет за оваа година, кој изнесува 134.300.000 денари. Првиот филм за деца, „Шеќерно дете“, на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе добие најмногу од буџетот, односно 46 милиони денари. На листата на долгометражни филмови се осум играни и четири документарни,...

Де Ниро, Ди Каприо, Пит и Скорсезе заедно на филм

Роберт де Ниро, Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Мартин Скорсезе соработуваат заедно на краток филм, кој, всушност, е реклма за казина во Манила и во Макао. Изработката на овој краток филм чини 70 милиони долари. Во рекламата на Скросезе, Ди Каприо и Де Ниро се глумат самите себеси и се борат за улога. Во овој видеозапис, кој истовремено е...

Филмот „Момчештво“ со најмногу награди „Златен глобус“

Филмот „Момчештво“, кој се снимаше 12 години, освои најмногу награди на годинешниот „Златен глобус“, што се одржа вчеравечер во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверели Хилс. „Момчештво“ освои награда за најдобра драма, на режисерот Ричард Линклејтер му донесе награда за најдобар режисер и на актерката Патриша Аркет - награда за најдобра актерка во споредна улога. Наградата за најдобро сценарио му припадна на Алехандро Гонзалез...

„Волкот од Волстрит“, најпиратски филм за 2014 година

„Волкот од Волстрит“ е најсимнуваниот филм на пиратски начин за 2014 година според „Холивуд репортер“. Овој филм бил симнат 30.035 милиони пати помеѓу 1 јануари и 23 декември 2014 година. „Волкот од Волстрит“ се прикажуваше во кината од 25 декември 2013 година и заработи 116 милиони долари во САД и 392 милиони долари низ целиот свет. Дизниевиот „Снежното кралство“ е...

„Интервју“ викендов заработи 18 милиони долари

„Сони пикчерс“ велат дека нивната комедија „Интервју“ за убиството на Ким Јонг Ун заработи повеќе од 15 милиони долари преку интернет-продажба и 2,8 милиони долари во кината. Публицитетот за филмот порасна откако „Сони пикчерс“ беа нападнати од хакери, за кои САД обвинија дека се од Северна Кореја. „Сони“ претходно го повлече „Интервју“ откако хакерите им украдоа повеќе податоци, сè...

ОАЕ го забранија филмот „Егзодус: Богови и кралеви“

Обединетите Арапски Емирати се последната земја што го забрани епскиот високобуџетен филм на Ридли Скот, „Егзодус: Богови и кралеви“. Филмот, во кој играат Кристијан Бел, Џоел Едгертон и сер Бен Кингсли, е базиран на библиската книга за егзодусот, а ја следи приказната на пророкот Мојсеј и побуната против египетскиот фараон Рамзес. Минатата недела Египет и Мароко го забранија филмот поради „историска неточност“, особено во делот...

Филмските работници испратија протестно писмо до Владата

Поради законските измени за плаќање придонеси за хонорарците, филмските работници во Македонија испратија отворено протестно писмо до Владата. Во писмото се вели: „Ние, филмските работници на Република Македонија, сме крајно загрижени за ефектите што ќе ги предизвикаат законските измени за плаќање придонеси за хонорарците во филмската дејност. Како начин на функционирање, филмот е природно поврзан со хонорарното работење и најголем дел на луѓето што ја сочинуваат браншата се...

Филмот „Интервју“ ги затегна односите меѓу Северна Кореја и САД

Односите меѓу Северна Кореја и САД повторно се заострија, а овојпат поводот е американската филмска комедија „Интервју“, во која станува збор за измислен атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, пренесуваат медиумите во САД. Поради закани и хакерски напади, управата на „Сони“ ја откажала премиерата на филмот, која беше закажана за 25 декември. Дел од медиумите во САД, повикувајќи се на неименувани...

„Хобит: Битка на петте армии” од денеска во „Синеплекс“ и во „Милениум“

Филмот „Хобит: Битка на петте армии“ (The Hobbit: The Battle of the Five Armies), од денеска се прикажува во кината „Синеплекс“ и „Милениум“. Од „Синеплекс“ информираат дека ќе имаат и полноќна проекција, која ќе почне пет минути по полноќ. Филмот покрај во дводимензионален формат, ќе биде прикажан и во тридимензионален формат.

Денеска почнува детскиот филмски фестивал „Кидс-фест“

Од денеска до 14 декември во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“ ќе се одржи првото издание на детскиот филмски фестивал „Кидс-фест“. На репертоарот ќе бидат прикажани анимирани, играни и документарни филмови од Америка, Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Данска и од Хрватска. Фестивалот се одржува под мотото „Ајде да гледаме филмови“. Термините за филмовите се од 12, 13.30, 15 и од...

„Ослободување на Скопје“ ја сними последната клапа во Битола

Последната клапа од снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, се сними денска и тоа во Офицерски дом во Битола, една од најимпозантните градби во градот на конзулите. Според режисерот Раде Шербеџија, снимањето на филмот ќе биде целосно завршено за седум дена, а потоа следуваат постапките за негова финализација, пред негово прикажување. Режисерот Шербеџија најави дека се надева...

Мајкл Даглас снима филм во Прага

Актерот и оскаровец Мајкл Даглас веќе неколку дена престојува во Прага. Целта на посетата е новиот филм со работен наслов „Отклучено“, во кој тој ја има главната улога. Во филмот, Даглас е агент на ЦИА, а дејството се одвива во Лондон, на кој му се заканува терористички напад со биолошко оружје. Во овој филм глумат и Орландо Блум и шведската актерка Нуми Рапас.

Ќе се снима филм за папата Франциск

Игран филм за животот на Хорхе Марио Бергољо, од детството до избирањето за папа, следната година ќе се снима во Аргентина, а главната улога ќе ја има аргентинскиот актер Дарио Грандинети. Снимањето на филмот, кој ќе го режира Шпанецот Беде Докампи Феијао, ќе почне во јануари, а ќе се врши на локации во Буенос Аирес, Мадрид и во Рим, соопшти...

„Чекајќи го мај“ го отвори четвртиот „Анимакс-фест Скопје“

„Филмот „Чекајќи го мај“ (The Wait Of May) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, во четвртокот го отвори четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“, што ќе се одржува до 6 декември во Кинотека на Македонија. Првиот фестивалски ден почна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана за повозрасната публика, која уживаше...

Стивен Хокинг сака да глуми негативец во филм за Џејмс Бонд

Најпознатиот теоретски физичар на денешницата, Стивен Хокинг, без оглед на тешката болест и на поодминатите години, и понатаму е особено активен, а ни смисла за хумор не му недостига. Во најновото интервју за магазинот „Ваерд“ (Wired), научникот изрази желба да се обиде пред камери. Откако се појави во сериите како што се „Симпсонови“, „Ѕвездени патеки“ или „Бубалици“, сега сака да игра и...

Фимот „До балчак“ во Виница

Најновиот филм на Столе Попов, „До балчак“, утре и задутре (четврток и петок) ќе се прикажуваа во виничкиот Дом на културата „Тошо Арсов“. Тоа ќе биде првата проекција на филмот на Попов во Источна Македонија. Дејството на филмот „До балчак“ се одвива во годините на општ колапс и слободен пад по крваво задушеното македонско востание од 1903 година. Главните улоги ги играат...

(ВИДЕО) Објавен трејлерот за филмот „Војна на ѕвездите: Будење на силата“

Вчера, филмските студија „Волт Дизни пикчрс“ (Walt Disney pictures) и „Лукасфилм“ (Lucasfilm) го објавија трејлерот за филмот „Војна на ѕвездите: Будење на силата“ (Star wars: The Force awakens) , чија премиера ќе се случи дури на 18 декември 2015 година. Актерската екипа што ќе се појави во филмот е составена од: Харисон Форд, Кери Фишер, Марк Хамил, Ентони Даниелс... Режисер на филмот е Џеј...

На четвртиот „Анимакс-фест Скопје“ ќе бидат прикажани 51 филм

На четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје 2014“ ќе бидат прикажани 51 филм, од кои осум се наманети за детската публика. Фестивалот ќе се одржува од 4 до 6 декември, во Кинотека на Македонија, под мотото „Ако сите светат, ти блескај“. Во трите фестивалски денови на „Анимакс-фест“ ќе бидат прикажани 43 филмови за возрасни и осум...

Вечерна програма на „Синедејс“

На репертоарот од програмата на „Синедејс“, денеска во кино „Милениум“, од 17:30 часот, ќе се прикажува филмот на Мишел Гондри „Дали е среќен човекот што е висок“, во кој играат Мишел Гондри и Ноам Чомски. Во кино „Фросина“, во МКЦ,  во 19 часот ќе се прикажува „Спомени во камен“ на Шавкат Амин Корки. „Кажи како се викам“ на Нигина Сејфулаева, филм кој...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...