fbpx
Таг: филм

таг: филм

Се снима нов филм за Петар Пан

Иако досега се направени голем број екранизации на приказната за Петар Пан, најновата од нив е на режисерот Џо Рајт, познат по филмовите „Ана Каренина“ и „Гордост и предрасуди“. Филмската приказна не го следи оригиналот според романот на Џејмс Метју Бари, па во филмот двајцата лути противници, Петар Пан и Капетан Кук, во еден момент ќе се борат рамо до рамо. Петар Пан...

Ќе се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“

Наскоро ќе почне да се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“. Двејн Џонсон, минатата година во октомври на „Инстаграм“, потврди дека ќе настапува во филмската верзија на популарната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век. – Гласините се вистинити… Работиме на фимот „Чувари на плажата… - напиша тој тогаш. „Вараети“, пак, вчера објави дека Сет Гордон преговора за режирање на филмот...

Снимен македонски филм за деца

Во периодот од 26 јуни до 3 јули годинава, на падините на планината Китка и на неколку други локации се снимаше македонската филмска авантура за деца под името „Потрага по загубеното богатство“. Овој филм е според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски, а во продукција на „Аурипигмент продукција“ од Скопје и на Детскиот креативен центар „Тинтири минтири“. Главните улоги во филмот...

„Светот Јура“ за една недела заработи 500 милиони долари

Филмот „Светот Јура“ веќе заработи 511,8 милиони долари, од што 100 милиони долари само во Кина, покажуваат бројките сумирани во неделата. Новата епизода од овој серијал филмови на легендарниот Стивен Спилберг го собори претходниот рекорд, кој го држеше „Хари Потер и даровите на смртта“ со 483 милиони долари заработени во првиот викенд од прикажувањето. Во Северна Америка филмот собрал 204,6 милиони...

Почина актерот Благоја Спирковски-Џумерко

Неповторливиот македонски актер, Благоја Спирковски - Џумерко, почина денеска на 69-годишна возраст. Тој одигра голем број театарски и филмски улоги, а најзапаметен ќе остане по изведбата на ликот на Итар Пејо во „Солунски патрдии“. Благоја Спирковски - Џумерко беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до своето пензионирање. Остави значаен белег во македонската култура со улогите остварени во бројни...

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 18 јуни

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“, годинава осми пат ќе се одржи на 18 јуни (четврток), повторно во Градскиот парк во 21 часот. Овојпат, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“, кој во една вечер ќе донесе хитови од најпознатите филмувани мјузикли. Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство...

„Пред дождот“ на литературен фестивал во Тајван

Македонско-британско-француската копродукција на режисерот Милчо Манчевски, филмот „Пред дождот“ минатата недела беше прикажан на Литературно-филмски фестивал во Тајпеј, Тајван. Оваа година, покрај редовната филмска програма во која беше прикажан филмот, фестивалот имаше и специјална филмска програма посветена на филмови снимени по делата на чешкиот писател Бохумил Храбал. Исто така, на фестивалот со предавање учествуваше и најпознатиот тајвански режисер Цаи Минг-лианг, чиј...

„Свадба.док“ е добитник на главната награда на фестивалот на непрофесионален филм „Велес 2015“

Александар Андоноски од Прилеп за филмот „Свадба.док“ е добитник на главната награда и на наградата за режија на 44. Државен фестивал на непрофесионален филм „Велес 2015“ во организација на Кино-сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и на Народниот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес. На сцената на велешкиот театар, синоќа наградата му ја врачи претседателот на жирито, Јордан Витанов. Витанов, заедно...

Во снимањето на „Брзи и бесни 7“ се уништени 230 автомобили

Најверојатно и возрасните мажи заплакаа кога неодамна на еден отпад во Колорадо беа здробени 30 автомобили „мерцедес“ што беа користени за филмот „Брзи и бесни 7“, пренесе „За забава“. Меѓутоа, ова е само мал дел од повеќе од 230 возила кои биле уништени за време на снимањето на акциониот спектакл, во кој главните улоги ги толкуваат Вин Дизел, Џејсон Статам и...

Ќе се продава куќата на Тони Монтана

Куќата во која се снимаше познатиот филм „Скарфејс“ (Scarface) во Калифорнија, е веќе на продажба и тоа за неверојатни 23 милиони фунти, пренесе „Тхемен“. Малку е чудно што оваа куќа има четири спални соби и осум бањи, што е малку за таа цена.

Џејми Дорнан не се откажува од „Педесет нијанси сиво“

Иако се зборуваше дека Џејми Дорнан нема да учествува во продолженијата на „Педесет нијанси сиво“, филм кој, всушност, го направи вистинска ѕвезда, сепак, тој нема намера да се откаже од сликата на Кристијан Греј и дури ги нарече гласините целосен апсурд. Филмската ѕвезда, исто така, ги демантираше тврдењата дека неговата сопруга Амелија Ворнер не сака тој да глуми во продолженијата на еротскиот серијал.

Лиам Нисон сака да снима филмови уште две години

Лиам Нисон во моментов го промовира својот најнов филм, акциониот трилер „Трчајќи цела ноќ“ (Run All Night), во кој глуми заедно со Џоел Кинаман и со Ед Харис. Ова е уште еден од редицата акциони филмови што Нисон ги сними последниве неколку години, од кои, секако, најпопуларна е франшизата „Taken“. Со оглед на тоа што има 62 години и на доцни...

Бен Стилер и Овен Вилсон како манекени на ревијата на Валентино

Едно од најголемите изненадувања на Париската модна недела беше на ревијата на Валентино, кога на писта се појавија главните ликови од комедијата „Зулендер“ од 2001 година, познатата актерска двојка Бен Стилер и Овен Вилсон. Дерек Зулендер, чиј лик го толкува Бен Стилер, и неговиот колега Хансел, односно Овен Вилсон, со нивната нова улога на манекени, го најавија и второто продолжение...

Филм за југословенската повоена кошаркарска репрезентација

Вистински спортски настани повторно ќе се овековечат на големото платно, преку продукцијата што стои зад успешниот проект наречен „Монтевидео“. Овојпат приказната е посветена на југословенската кошарка. Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ ја следи приказната за четворицата великани на југословенската кошарка: Бора Станковиќ, Радомир Шапер, Небојша Поповиќ и Александар Николиќ од 1945 до 1970 година и освојувањето на титулата светски шампион...

Париз забрани снимање акциони сцени

Рестрикции за снимање сцени од акциони филмови воведе Париз. Причина за ваквата одлука е тоа што актерите би можеле да бидат сфатени како вистински полицајци, а сцените за потрага како вистински настани. Снимањето сцени на отворено со полиција, војска и со безбедносни служби е забрането по терористичките напади во Париз врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ и во продавницата за кошер на...

Промовиран филмот „Патот до европскиот врв – Почеток“

Вчеравечер, во присуство на голем број пријатели, обожаватели и подржувачи на европскиот шампион на ридски патеки, Игор Стефановски - Иџе, се случи премиерата на филмот за сезоната 2014, во која првпат Иџе се закити со титулата европски шампион во катерогија 1, трки организирани од ФИА. Премиерата на филмот „Патот до европскиот врв - Почеток“, исполнет со автентични снимки од сезоната и со...

„Мајки“ на Манчевски ќе се прикажува во „Линколн центар“ во Њујорк

Македонско-француско-бугарската копродукција, филмот „Мајки“ на најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски, ќе биде прикажан во прочуениот „Линколн центар“ во Њујорк следната недела. „Линколн центарот“ е дом на Њујоршкиот филмски фестивал и на „Метрополитен опера“. По проекцијата на филмот, професорката Имелда О’Рајли ќе води интервју со Манчевски, кое ќе биде вовед во разговор на авторот со њујоршката публика во „Линколн центар“. Светската премиера...

Шампионската сезона на Иџе доби екранизација: „Патот до европскиот врв“

Игор Стефановски – Иџе е спортистот кој ја одбележа 2014 година. Остварувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот автомобилизам, со освојувањето на шампионатот на ридски патеки во категорија 1, Иџе својата најуспешна сезона во кариерата ја документираше во „Патот до европскиот врв“, кој ќе ја има својата премиера на 4 февруари, со почеток во 19 часот, во „Синеплекс“. - На...

Отворена аудиција за играниот филм „Безимени“

Македонскиот режисер Вардан Тозија е во фаза на интензивни подготовки за неговиот прв долгометражен игран филм со работен наслов „Безимени“. „Безимени“ е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, кои го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат - бескомпромисна улична борба до последен здив. Снимањето на филмот...

Претставен првиот филм во виртуелна реалност

Компанијата „Околус рифт“ на фестивалот „Санденс“ го претстави својот прв краток филм наречен „Изгубен“ (Lost), кој посетителите можат да го погледнат со помош на виртуелни очила. Во филмот, гледачот се поставува во улога на големи роботски раце кои се наоѓаат во шума и трагаат по своето тело. Иако самата околина во која раката се движи е интерактивна, екипата која работела...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...