fbpx

„Ослободување на Скопје“ ја сними последната клапа во Битола

-

Последната клапа од снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, се сними денска и тоа во Офицерски дом во Битола, една од најимпозантните градби во градот на конзулите.

Според режисерот Раде Шербеџија, снимањето на филмот ќе биде целосно завршено за седум дена, а потоа следуваат постапките за негова финализација, пред негово прикажување.

Режисерот Шербеџија најави дека се надева дека македонската јавност ќе го види филмот на големите екрани наесен следната година, можеби на следното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

– Јавно се заблагодаруваме на граѓаните на Битола што ни помогнаа бидејќи цело време се чувствувавме како да сме во некое затворено американско студио. Тука престојувавме точно еден месец. Премиерата може да се очекува во септември, можеби на ИФФК „Браќа Манаки“ – нагласи Шербеџија.

„Ослободување на Скопје“ е само уште еден реализиран проект во рамките на „Битола – филмски град“, кога во градот на различни локации и во импровизирани студија снимаа филмаџии од повеќе држави.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...