Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Лавров ги обвини НАТО и ЕУ за забраната за прелет над Бугарија, Македонија и Црна Гора

Одбивањето од Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора да дозволат прелет на неговиот авион со кој денеска требаше да пристигне во официјална посета на Србија, по што таа беше откажана, за рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е прибегнување на ЕУ и НАТО кон најдолни средства за да ја спречат Србија да ги избира своите партнери. Лавров на прес-конференцијата...

Новата европска геополитичка заедница – нови предлози, стари интереси и концепти

Пред неполн месец, пишувавме за идеите за различни видови интеграција со ЕУ, забележувајќи дека заживува дискусијата за овие прашања. Во меѓувреме, на 9 мај, францускиот претседател Макрон излезе со идеја за нова европска политичка заедница, што подоцна ја презеде претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Да биде сцената поинтересна, некои извори (италијанската Corriere della Sera) тврдат дека британскиот премиер...

Основци селектираа и реупотребуваа отпад

Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Министерството за култура организираше работилници за заштита на животната средина и соларна проекција на филм во Скопје и Гостивар, кои ги проследија над 100 основци. Во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, завчера беше организирана работилница за намалување, реупотреба и...

БГНЕС: Радев и Петков одат во Париз да го кренат ветото за почеток на преговорите на РС Македонија

Според бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, во најкраток можен рок ќе се организира посета на претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, на Париз, односно на францускиот претседател Емануел Макрон, на која Бугарија и официјално ќе го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ. Со тоа Бугарија ќе го прифати...

Објавен регионалниот извештај за родово-базирана дискриминација и пазар на труд

Коалицијата за борба против родово-базирана дискриминација на пазарот на труд на Западен Балкан вчера преку Зум го промовираше второто издание на истражувачкиот извештај со наслов Родово-базирана дискриминација и работни односи во Западен Балкан. Истражувањето беше спроведено од женски граѓански организации (ЖГО) како дел од регионалната акција „Зајакнување на граѓанските организации во борбата против дискриминација и унапредување на работничките права на...

Жестоки напади на руските сили за целосно освојување на Севернодонецк

Украинскиот град Севернодонецк во Луханската област утрово е жестоко нападнат од руските сили во рамките на големата офанзива, и врз градот, но и врз целиот регион се испукуваат артилериски гранати, се вршат и авионски бомбардирања, а дејствуваат и тенкови. Севернодонецк во моментот е „мал џеб“ во територијата што е речиси под целосна контрола на руските војски. „Ситуацијата во Севернодонецк е...

ЕУ се договори за делумно ембарго на увозот на нафта од Русија

Лидерите на земјите членки на Европската унија во понеделникот начелно се согласија да го намалат увозот на нафта од Русија до крајот на оваа година за 90 отсто, со што ќе се реши ќор-сокакот со Унгарија во врска со најтешката санкција што треба да ја добие официјална Москва поради војната во Украина, пренесе Ројтерс. Ова ембарго ја покрива само руската...

Од Европскиот парламент: Пофалби, билатерализација, контрадикторност

Со една констатација изнесена од бугарските европратеници во дискусијата по овогодишната Резолуција за Извештајот за Северна Македонија се сложувам: дека таа содржи контрадикторни ставови. Тоа е резултат на лобирањата, бројните направени компромиси, партиските усогласувања и надмудрувања, вклучувајќи и до последните денови пред усвојувањето. Годинешниов тек на подготовката и расправата за Предлог-Резолуцијата предизвика неспоредливо помалку внимание во јавноста од порано, освен...

Ковачевски – Драги: Остварените резултати да имаат завршница со итно отворање на пристапните преговори

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба и со премиерот на Италија, Марио Драги. На средбата било потенцирано дека Северна Македонија и Италија негуваат блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво. Двајцата премиери изразиле согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од...

Петков: За кревањето на ветото од Бугарија ќе треба согласност во владината коалиција и парламентот

Бугарскиот премиер Кирил Петков | Фото: Влада на Република Бугарија
Бугарскиот премиер Кирил Петков како лажно го нарече обвинувањето на бугарската опозиција дека самиот преземал ангажман за да се крене блокадата од Бугарија за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, пренесува Бугарското национално радио. Во однос на очекувањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, за потребата од кревање на бугарското вето во рок од три недели од страна...

Шолц: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на пленарната седница на Бундестагот, на која присуствува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија. Шолц пред пратениците потсети дека шест земји од...

Ковачевски: Единствени во Европа имаме министерство за помалите етнички заедници

Премиерот Димитар Ковачевски денес како одговор на бугарскиот колега Кирил Петков му порача дека единствени во Европа имаме министерство за помалите етнички заедници (Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) и законски решенија за унапредување на нивните права, како што се за користењето на јазиците и за еднаков пристап при вработување во јавниот сектор. Тој исто така рече дека...

„Чекајќи го Годо“ – уметничка акција посветена на евроинтеграцијата на земјава во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје денеска е поставена уметничката инсталација „Чекајќи го Годо“, посветена на односот на Европската Унија кон Република Северна Македонија. Герила акцијата е дел од проектот „Артиватор“ на Центарот за современи уметности. „Инспирацијата за оваа акција доаѓа од сличноста на состојбите во драмата Чекајќи го Годо на Семјуел Бекет и Евроинтеграцискиот процес на РСМ. Иако на прв поглед...

Еко-филмскиот фестивал „Стартувај го филмот за зелена Европа“ од денеска низ кината во земјава

Периодот меѓу 5 и 9 мај се одбележува како Деновите на Европа, по чиј повод оваа година во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија започнува проектот „EU Youth Cinema Green Deal“ или „Стартувај го филмот за зелена Европа“ преку кој ќе се прикажат 25 европски филма што иницираат и инспирираат одржлив начин на живот. Организатор и координатор на проектот...

Европа на „концентрични кругови“ повторно на сцената

Од самотo основање на Европската Унија живи се идеите за т.н. „диференцирана интеграција“. Со овој поим се означуваат различни форми на интеграција и соработка меѓу членки, но и не-членки на ЕУ. Вообичаено се прави разлика меѓу внатрешниот аспект на ова прашање, кој се однесува на членките на ЕУ, и надворешниот – на оние кои не се членки. Причините кои доведоа...

ЕУ ги претстави новите санкции кон Русија, забраната за увоз на нафта е во прв план

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изнесе детали за шестиот пакет санкции кон Русија што треба да се договорат во наредните денови, пренесе Би-би-си.  Во низата од четири различни видови санкции таа рече дека санкциите ќе бидат насочени кон високи руски воени офицери кои извршиле злосторства во Буча и Мариупол. „Знаеме кои сте, нема да се извлечете со ова“,...

Донфрид: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ

Помошничка на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Карен Донфрид која денеска е во прва посета на земјава и се сретна со највисоките државни претставници, најави интензивиран дијалог за Северна Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ. Северна Македонија исполни тешки задачи и заслужува што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, а САД силно ја...

Фондот за обнова и отпорност – нова финансиска инјекција во ЕУ

Фoндот за обнова и отпорност е најголемиот дел од Инструментот „Нова генерација ЕУ“, тежок околу 800 милијарди евра, востановен за да се поттикне развојот по пандемијата. На овој фонд отпаѓаат 672,5 милијарди евра, од кои 312,5 милијарди се дотации (грантови), додека 320 милијарди евра се заеми. Фондот поддржува шест т.н. столба: 1) зелена транзиција; 2) дигитална трансформација; 3) економска...

Вархеји на средби во Скопје, Ковачевски и Османи порачуваат сега е момент за почеток на преговорите со ЕУ

По вчерашната посета на Бугарија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска оствари посета на Северна Македонија. Вчера од Софија ја испрати пораката дека прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ треба да се реши до јуни годинава, а денеска Вархеји се сретна со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со заменикот на претседателот на Владата за...

Гугл и Фејсбук ќе мора подобро да ги заштитат европските корисници од говор на омраза и дезинформации

Големите технолошки компании како Гугл и Фејсбук, односно Мета, ќе мора построго да ги контролираат своите платформи за подобро да ги заштитат европските корисници од говор на омраза, дезинформации и други штетни онлајн содржини според легислативата на ЕУ, пренесе американското Национално јавно радио. Претставниците на Европската унија во саботата постигнаа начелен договор за Законот за дигитални услуги по долгите финални...
Близард попусти до 67% скриншот од Батлнет

Попусти до 67 отсто на игри на Близард до 23 септември

До 23 септември има драстични попусти на сите игри од Близард, што достигаат до 67 отсто. Сепак, игри како World of Warcraft , Диабло 4 и најновата верзија на...