fbpx

Донфрид: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ

-

Помошничка на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Карен Донфрид која денеска е во прва посета на земјава и се сретна со највисоките државни претставници, најави интензивиран дијалог за Северна Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ.

Северна Македонија исполни тешки задачи и заслужува што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, а САД силно ја поддржува во тоа, порача Донфрид по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Таа се заблагодари и за придонесот на Северна Македонија во НАТО, особено за јасно изразениот став околу воената агресија на Русија во Украина.

„Сакаме што побрзо да се одржи меѓувладината конференција на Северна Македонија и Албанија. Што е можно поскоро. Веќе предолго се одолговлекува одржувањето на оваа конференција. Вие исполнивте тешки задачи, ги исполнивте потребните реформи и заслужувате брзо да напредувате. Ова сме го кажале веќе и ќе го повторам: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ“, изјави Донфрид.

Високата американска претставничка, која е придружувана од специјалниот претставник на Стејт Департментот за Западен Балкан, на средбите со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ја потврди силната поддршка на американската администрација за итно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан.

На средбата тие дискутираа и за политичката динамика и економската ситуација во Европа, предизвикана од руската инвазија врз Украина, при што претседателот Пендаровски ги потенцираше преземените мерки од страна на Северна Македонија како земја-членка на НАТО и го реафирмираше ставот за целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Осврнувајќи се на безбедносните случувања и последиците врз Балканот, претседателот алармираше на важноста за деблокада на македонските евроинтеграции и изнаоѓање на конструктивно решение за недоразбирањата со Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...