Ковачевски: Единствени во Европа имаме министерство за помалите етнички заедници

-

Премиерот Димитар Ковачевски денес како одговор на бугарскиот колега Кирил Петков му порача дека единствени во Европа имаме министерство за помалите етнички заедници (Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) и законски решенија за унапредување на нивните права, како што се за користењето на јазиците и за еднаков пристап при вработување во јавниот сектор.

Тој исто така рече дека капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот за сите граѓани.

Ако некој е загрозен, рече Ковачевски, може да реагира преку постоечките институции и нагласи дека ние единствени во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла, значи од користење на јазици преку еднаков пристап до вработувања во јавниот сектор, преку најразличните програми кои владата ги има во рамки на Буџетот и преку други институции кои се формираме.

„Исто така, имаме канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани која се грижи за правата на сите граѓани вклучително и на бугарското малцинство. Така што, нормално дека ако некој е загрозен може низ тие институции тоа да го направи, а секако дека капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот за сите граѓани, ние и во владината програма тоа сме го ставиле и тоа го предвидува и нашиот устав. Оваа држава е место каде сите имаат еднакви шанси како за личниот така и за професионалниот развој“, рече Ковачевски.

Претходно, Петков во изјава за софиската ТВ Нова рече дека долгорочниот интерес на Бугарија се совпаѓа со интересот на С Македонија, бидејќи, како што нагласи, никој не сака сосед кој не е во ЕУ и со затворени граници.

Петков додаде дека неговата Влада „нема да прави ништо“ без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.

„Вистината е следна. Јас мислам дека сите Бугари знаат дека С Македонија треба да е во Европската унија. Сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во С Македонија треба да бидат заштитени. Од тука натаму да ја тргнеме настрана таа политичка реторика, туку да се работи. Јас очекувам во следниот период С Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите“, рече Петков.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...