fbpx
Таг: време

таг: време

Денеска потопло и суво време

Денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од -7 до 0 Целзиусови степени, а дневната од 0 до 7 степени. Во Скопје се очекува слично време, сончево и потопло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -7, а дневната ќе достигне 5 Целзиусови степени.  

Сончево, но студено време

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, а претпладне ќе има услови за појава на магла во одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен и од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од - 6 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 14 степени. Во Скопје се очекува сончево време, со слаба магла претпладне. Утринската температура ќе се спушти...

Времето денеска студено и суво

Денеска во Македонија, времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 4 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, со температура до 7 Целзиусови степени.  

Облачно со слаба магла

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a по котлините ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 12 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно, со слаба магла, а околу пладне се очекува облачноста и маглата да се...

Времето денеска сончево и тивко

Во Македонија времето денеска се очекува да биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се движи од - 1 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 14 степени. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има магла, која во текот на денот се очекува да се повлече. Во Скопје претпладне ќе има магла, а во текот на денот се очекува...

(ФОТО) Охрид на декемвриски плус 15

Убавото време, со температура невообичаена за овој период од годината, до 15. Целзиусов степен, измами денеска многумина охриѓани на пријатна крајезерска прошетка. Живнаа и терасите од рестораните и кафулињата, што е само дополнителна провокација за новогодишните гости, кои планираат овде да го минат празничниот викенд. На убавините што ги создава мирната езерска шир, со мноштвото галеби и со групата прекрасни лебеди, се...

Попладне е можен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со слаба магла, а во јужните и во југоисточните делови од земјата во пoпладневните часови ќе има и услови за појава на локален дожд, а на високите планини слаб снег. Утринската температура ќе се движи од -2 до 3, а дневната од 5 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со сончеви...

Попладне ќе врне

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови, на места, врнежите ќе бидат пообилни, некаде достигнувајќи и повеќе од 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, облачно со повремен дожд, а попладне и во ноќните часови...

И денеска ќе врне

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Облачноста и врнежите ќе се зголемат во попладневните часови, во јужните и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 Целзиусови степени, а дневната од девет до 13  Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, со температура...

Денеска ќе врне

Денеска времето ќе биде облачно, со повремен дожд, а дневната температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени. Врнежите ќе продолжат и утре кога локално се очекува да наврнат повеќе од 20 литри на еден квадратен метар. Од понеделник, ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, а од вторник ветерот ќе биде северен.

Денеска стабилно и потопло време

Времето ќе биде стабиолно, без врнежи
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно, со појава на магла. Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 7 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 4, а дневната до 9 Целзиусови степени.  

Претпладне облачно, попладне дожд

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со појава на магла по оделени котлини. Во западните делови, попладне ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаба магла. Во вечерните часови...

Денеска сончево и студено

Умерено до значително облачно ќе биде времето денеска во Македонија, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 11 степени. Во Скопје ќе се задржи умерено до значително облачно време, со утринска...

Студено и суво време

Денеска во Македонија ќе биде претежно сончево, а попладне ќе настапи наоблачување во источниот крај од земјава. Облачноста до вечерта ќе се прошири и во западниот дел од Македонија. Максималната температура ќе се движи до 10 Целзиусови степени во поголем дел од котлините низ земјава. Во југоисточниот крај, температурата ќе достигне до 13. степен, а на повисоките места, пак, максималната нема да...

Денеска ќе врне

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат и повеќе од 30 литри на еден квадратен метар, особено во западните делови од земјава. Во источните делови, локално ќе има услови за интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Во доцните пладневни часови ќе има извесно намалување на облачноста и врнежите...

Време: Променливо облачно со дожд

Времето деенска ќе биде променливо облачно, а во утринските часови ќе има локален дожд, појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи до 17 Целзиусови степени, a во Скопје ќе достигне 16 степени. Во вторник и в среда ќе биде променливо облачно, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Температурата ќе...

Врнежливо време за викендот

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени слаби врнежи од дожд во утринските часови, а во текот на денот облачноста постепено ќе се намалува и врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 12 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 18 степени. Во Скопје, во...

Времето денеска, облачно со дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 13 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се...

Време: Облачно со магла

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, со магла по котлините и во речните долини во утринските часови. Во текот на денот, маглата ќе се намалува, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температурата преку денот ќе се движи од 12 до 17 степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до 16 степени.

Облачно со магла по котлините

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а по одделни котлини, претпладне, со појава на магла. Температурата ќе се движи до 19 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината, времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Минималмата температура ќе биде шест степени, а во текот на денот ќе достигне 18 степени.  

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...