fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не подготвува одговор на граѓанскиот марш, ама спрема партиски собир

ВМРО-ДПМНЕ засега не планира марш или собир на отворено кој би бил реакција на тој што вчера го направи СДСМ во Скопје. Сепак, членови од партијата на власт велат дека најавен им е собир в недела (16 октомври) во затворен простор во Скопје, на кој, евентуално, би се промовирала програмата и новиот слоган на партијата. - Тоа би значело почеток на кампањата...

ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ веднаш да достави барање за распуштање на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика СДСМ да достави барање до Собранието на Република Македонија за негово распуштање. Од владејачката партија велат дека оваа идеја им е „поттикната од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави...

ВМРО-ДПМНЕ дебело плаќала американски консултантски фирми за поддршка на Груевски

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ плаќала за поддршката на САД за ВМРО-ДПМНЕ, јавува денеска македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, објавувајќи извештаи од американските компании што ВМРО-ДПМНЕ ги има ангажирано. Во написот се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ до декември минатата година на три различни американски консултанстки и компании за односи со јавноста им платила околу 1,6 милиони долари. Во извештаите од фирмите, кои се...

Груевски со повеќе средби во САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамките на својата посета на САД заедно со партиска делегација во чиј состав се членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, во Њуjорк се сретна со претседателот на советот за надворешна политика на САД, Ричард Хас, се вели во партиското соопштение. Советот за надворешна политика на...

СЈО: Оставаме пратениците да ги решат законите, ние продолжуваме со истрагите

Специјалното јавно обвинителство му остава на Собранието да го реши прашањето со измените на Законот за заштита на сведоци, велат од СЈО на нашето прашање дали повторно ќе бара од актуелниот собраниски состав да ги донесе измените на Законот за СЈО и на Законот за заштита на сведоци или ќе го чека формирањето на новиот парламентарен состав по изборите...

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски, во посета на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со пратениците Александар Николовски и Владимир Ѓорчев, е во работна посета во Вашингтон, каде остварил повеќе средби со конгресмени, сенатори и со луѓе од јавниот и од политичкиот живот на САД, информираат од владејачката партија. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се сретнале со конгресменот Кристофер Смит, со кого разговарале за актуелната политичка состојба, за состојбата со мигрантите,...

Заев: Груевски сака избори догодина – јас повеќе не седнувам да преговарам

„Не сакам ни да помислам дека Уставниот суд ќе го укине Специјалното јавно обвинителство или некои делови од законот, затоа што секој нормален човек знае дека со тоа ќе го истури целиот бес на народот по улици“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Канал 77“. Тој додава дека ако Уставниот суд „се дрзне“ на ваков чекор,...

СДСМ: Наставниците ќе добијат современи услови за работа

Просветните работници наскоро ќе добијат квалитетни и современи услови за работа и заедно повторно ќе изградиме ефикасен образовен систем, се вели во честитката на СДСМ по повод Меѓународниот ден на наставниците. „Наставниците се важен дел не само за наставниот процес, туку и за целокупниот развој на децата, но истовремено тие се категорија работници кои најмногу беа погодени од катастрофалните политики на...

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СЈО го бара не е дел од Договорот од Пржино

„Сè што беше договорено меѓу четирите партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која СДСМ ја турна државата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Круна на тој договор се изборите на 11 декември, на кои граѓаните ќе...

ПДП: Разочарани сме од денешното однесување на пратениците

Партијата за демократски просперитет (ПДП) е длабоко разочарана од однесувањето на пратениците во однос на донесување на законите што би ја зацврстиле акцијата и позициите на СЈО, пишува во соопштението на партијата. „Сметаме дека однесувањето на пратениците на ДУИ и на ДПА го потврдува општото убедување на Албанците дека однесувањето на овие две политички партии е диригирано со палката на нивниот...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ не сака СЈО да ги расчисти докрај истрагите што ги почна

Нема поголем доказ за криминалот на обвинетиот Никола Груевски од денешното гласање на неговите пратеници, обвини денеска Петре Шилегов, по собраниската седница на која пратениците не ги изгласаа измените на Законот за СЈО и на Законот за заштитени сведоци. - Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не сакаат да се овозможи непречена...

Законите за СЈО и за заштитени сведоци утре на собраниска седница

Утре, во 11 часот, на пленарна седница на Собранието, пратениците ќе расправаат за измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци, договориле денеска координаторите на пратеничките групи со претседателот Трајко Вељаноски. Пратеничката група на СДСМ и на здружената опозиција во петокот до Собранието достави барање за свикување итна седница, на која на дневен ред ќе...

Нов амбасадор во Брисел е Александар Николовски

Александар Николовски е новиот амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел, објави порталот „Сакам да кажам“. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото на Андреј Лепавцов, кој на оваа позиција беше пет години. Николовски (32) беше претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Груевски најави изградба на 140 градинки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовираше проект за изградба на 140 државни детски градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови. Проектот, според проекциите, ќе чини околу 25 милиони евра. Груевски смета дека Владата предводената од ВМРО-ДПМНЕ изминативе години целосно се посветила на потребата од зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, односно отворање на нови детски...

Анкета на „Павел Шатев“: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ 15,7 отсто од граѓаните

На предвремените парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,9 отсто, а за СДСМ - 15,7 отсто од испитаниците, се вели во анализата на резултатите од телефонската анкета спроведена во периодот меѓу 26 и 29 септември од Институтот „Павел Шатев“. За ДУИ би гласале 5,1 отсто, а на ДПА поддршка ѝ дале 2,7 отсто од анкетираните. Анкетата била спроведена на 1.260...

Груевски: Не го оправдувам ниту Неделковски, ниту нелегалното поставување плоча на Кајмакчалан

„Во врска со настаните со спомен-плочата на Кајмакчалан, не можам да го оправдам ниту нелегалното поставување спомен-плоча од војници од друга држава, кои нелегално ја поминале границата и нелегално поставиле спомен-плоча во Македонија, ниту, пак, начинот на кој новинарот Миленко Неделковски решил индивидуално и со чин кој генерира негативна енергија и омраза да се справи со тој акт“, напиша...

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифати предлозите што потекнуваат од СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија нема да прифатат разгледување на какво било барање и предлог што потекнуваат од Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии согласно Договорот од Пржино, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов. - Никакво ново договарање или проширување на...

Богоев: ВМРО-ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари

Перверзно, бескрупулозно, алчно и криминално е однесувањето на Силвана Бонева, блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија, вели пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев. - Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку од 40 денари на ден,...

ВМРО-ДПМНЕ: Наследниците на Сојузот на комунисти се луксузираат на државен имот

Наследниците на поранешниот Сојуз на комунисти се луксузираат на државен имот, додека илјадници граѓани секојдневно се борат да обезбедат покрив над глава, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за имотот на владејачката партија. Во него, исто така, се додава дека „малку им било на СДСМ што исфрлиле 200.000 луѓе на улица, туку имале потреба да украдат државен...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни на кој начин стекна имот вреден 60 милиони евра

Со 60 милиони евра приграбени пари од џебот на граѓаните на Македонија, обвинетиот Груевски и неговата партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, купиле партиски имот распространет на 33.000 квадратни метри, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека владејачката партија треба да им објасни на граѓаните на кој начин стекнала имот вреден 60 милиони евра. „Доколку се утврди дека овој имот...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...