fbpx
Таг: авион

таг: авион

Се сруши авион на јорданската војска, двајца пилоти погинаа

Авион на јорданската војска се срушил при рутински лет, а двајцата пилоти загинале, соопшти војската. Портпаролот на војската, полковник Мамдух ал Амири, потврди дека се срушил авионот „фајрфлај“ во просторот за обука на пилоти, но не ја навел причината за падот. Ал Амри навел дека погинале јорданскиот пилот потполковник Ибрахим Хасунех и ирачкиот пилот-приправник Лаит Насер. Јорданската војска имаше сличен инцидент во...

Авион со тон кокаин се срушил во Венецуела

Венецуелската полиција пронашла мал авион кој се срушил во центрланиот дел на земјата, а бил натоварен со еден тон кокаин. На местото на несреќата пронајдени се три тела кои настрадале во текот на паѓањето на авионот. Инспекторите велат дека авионот се срушил на приватен имот во покраината Кохедас. Сè уште не е утврдено каде требало кокаинот да биде транспортиран. Шверцерите вообичаено...

Авион на „Џерманвингс“ непланирано слетал во Венеција

Авион на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ бил принуден да слета во Венеција бидејќи на еден од патниците и на еден член на екипажот одеднаш им се слошило. Авионот на летот 03882 од Хановер до Рим бил пренасочен на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција, каде на патниците им било кажано да почекаат во чекалницата на терминалот за поаѓања. Ова се случува за помалку...

Во „Џерманвингс“ не знаеле за депресијата на Лубиц, а во „Луфтханза“ знаеле

Авионската компанија „Џерманвингс“ денеска соопшти дека не знаела оти нејзиниот копилот Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно го урнал авионот со 150 лица, имал депресија за време на обуката за летање. Германската авиокомпанија „Луфтханза“, сопственичка на „Џерманвингс“, во вторникот потврди дека пред шест години знаеле дека Лубиц имал депресивна епизода пред да ја заврши обука во нивното школо...

Заканата за бомба на летот за Сао Паоло била лажна

Истрагата покажала дека денешната закана за бомба во авионот на летот Истанбул – Сао Паоло на компанијата „Туркиш еирлајнс“ била лажна. Авионот „боинг 777“ со 256 патници од Истанбул за Сао Паоло мораше вонредно да слета во мароканскиот град Казабланка, поради дојава за подметната бомба. Во авионот на летот ТК15 се случила узбуна откако во тоалетот било пронајдено парче хартија на...

Брисел: Не е време за нагло менување на правилата во пилотските кабини

По падот на „ербасот“ на „Џерманвингс“ во Франција, Европската комисија сè уште не е се произнесува околу потребата за промена на правилата во пилотската кабина, откако истрагата, која е во тек, наведе дека копилотот, кој останал сам, најверојатно намерно го урнал авионот од засега непознати причини. - Не е време за шпекулации. Истрагата е во тек и засега нема заклучоци. Ако...

Оланд: Ќе ги дознаеме причините за падот на авионот

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека француските власти ќе ги дознаат причините за падот на авионот на „Џерманвингс“ на Алпите, при кој загинаа 150 луѓе. Говорејќи заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и со шпанскиот премиер Маријано Рахој во близина на местото на несреќата, Оланд рече: „Франција е со вас“. „Ербас А320“ на „Џерманвингс“ се урна вчера по осумминутно спуштање. Инспекторите рекоа дека...

Руски авион принудно слета откако му откажа моторот

Патнички авион „боинг 737“ на руската компанија „ЈУТ ер“ со 78 патници, денеска принудно слета во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми. Авионот се приземјил на аеродромот „Пулков“, откако побарал дозвола за принудно слетување. Руските медиуми јавуваат дека еден од моторите на авионот откажал, но засега информацијата не е официјално потврдена, а не се откриваат никакви други детали.

Србија: Двајца загинати при уривање на спортски авион

Две лица загинаа откако двомоторен спортски авион од типот „цесна 310“ се урна на аеродромот „Ечка“, во близина на српскиот град Зрењанин. Засега не се знае причината за уривањето на авионот, а полицијата работи на расветлување на несреќата. Како што јавуваат српските медиуми, во авионот имало две лица, инструктор за летање и курсист.

Пилотот на тајванскиот авион прогласен за херој

Пилотот на авионот на тајванската авиокомпанија „Трнас Азија ерлајнс“, кој загина во несреќата, е прогласен за херој. Тој направил сè за да го избегне падот на авионот во населено место, со што бројот на загинати би бил многу поголем. Бројот на загинати се искачи на 31, но спасени се 15 лица, меѓу кои и двегодишно дете. Пилотот и копилотот загинаа. До несреќата...

Тајван: 16 загинати при принудно слетување на авион

Шестнаесет лица загинаа откако патнички авион на тајванската авиокомпанија „Транс Азија ерлајнс“ со 58 патници и членови на екипажот принудно слета во река во тајванскиот главен град Тајпеј. Како што јавуваат локалните медиуми, при слетувањето, авионот со задниот дел удрил во мост. Леталото при полетувањето добило мало оштетување, што, наводно, е причина за инцидентот. https://www.youtube.com/watch?v=FkpdBPT5rnw

Копилотот управувал со урнатиот авион на „Ер Азија“

Копилотот Реми Плесел, по потекло Французин, управувал со авионот на „Ер Азија“, кој леташе од Сурабај до Сингапур, во моментот кога се урна во Јаванско Море, соопшти денеска Комитетот за безбедност во сообраќајот во Индонезија. Индонезиските истражители ги анализирале податоците од црните кутии, кои снимаат технички податоци за летот и разговорите на пилотите во текот на летот, а прелиминарните извештаи...

Десет мртви по пад на грчки воен авион во Шпанија

Десет лица погинаа, а 13 се повредени откако грчки воен авион од типот Ф-16 се срушил во воената база на НАТО, на југот од Шпанија, соопшти шпанското министерството за одбрана. Авионот се срушил при полетувањето, во центарот за обука во базата Лос Ланос во Албасете, 262 километри југоисточно од Мадрид. „Авионот кој учествувал во НАТО-програмата, изведувал вежба, но во текот на полетувањето, изгубил сила...

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

Авионот на компанијата „Ер Азија“, кој се урна во Јаванско Mоре, се вивнал на поголема висина со поголема брзина од вообичаената, а потоа „запрел“, покажуваат резултатите од истрагата. - Во последните минути, авионот се качувал со преголема брзина од вообичаената - рече индонезискиот министер за сообраќај, Игнасиус Џонан, повикувајќи се на податоци добиени од радарските уреди. Џонан соопшти дека авионот се...

Се запалил мотор на авион на „Ер Србија“

Авион на авиокомпанијата „Ер Србија“, кој летал за Бања Лука, утрово бил итно приземјен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако се запалил еден од моторите, соопштиле денеска од српското министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, пренесуваат медиумите. Како што изјавила ресорната министерка, Зорана Михајловиќ, на денешната прес-конференција, во инцидентот немало повредени патници и во тек е истрагата за причините за...

Пронајден е трупот на урнатиот авион на „Ер Азија“

Сингапурски воен брод го пронајде трупот на авионот на „Ер Азија“, кој минатиот месец се урна во Јаванско Mоре, со 162 патници и членови на екипажот, соопшти денеска министерот за одбрана на Сингапур, Нг Енг Хен. Нг на својот фејсбук-профил напиша дека еден од бродовите на сингапурската морнарица го информирал дека е лоциран трупот на авионот на „Ер Азија“. Тој соопшти...

Утврдена локацијата на црните кутии од урнатиот авион на „Ер Азија“

Експертските тимови кои работат на расветлување на причините за падот на авионот на „Ер Азија“, успеале да го лоцираат сигналот на црните кутии, јавуваат светските медиуми. Како што соопштија индонезиските власти, брод примил сигнал и наскоро во овој дел ќе бидат испратени нуркачки тимови. Во авионската несреќа, која се случи на 28 декември, загинаа 162 патници и членови на екипажот.

Пронајден голем дел од урнатиот авион на „Ер Азија“

Во Јаванско Море денеска спасувачите открија  уште еден голем остаток од урнатиот авион на малезиската авиокомпанија „Ер Азија“, соопшти директорот на индонезиската Национална агенција спасување и пронаоѓање, Бамбанг Соелистио. Освен тоа, најдено е уште едно тело на патник и бројот на пронајдени тела до моментов изнесува 31.

Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Во петокот вечерта по американско време, седумгодишно девојче преживеало авионска несреќа во една од шумите во Кентаки, САД. Покрај девојчето, во малиот авион имало уште четворица кои не го преживеале падот на леталото, а меѓу нив биле и нејзините родители. Се верува дека покрај пилотот, со ова семејство летала и бебиситерката. Никој не го чул рушењето на авионот бидејќи паднал...

Пронајдени уште седум тела на патници на „Ер Азија“

Уште седум тела на патниците на урнатиот патнички авион „Ер Азија“ се пронајдени при спасувачката операција, со што досега вкупно се откриени 16 тела. Авионот со 162 лица исчезна од радарите 40 минути по полетувањето од Индонезија, откако пилотот најавил дека ќе го смени курсот на летање поради силното невреме.

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...