fbpx

Брисел: Не е време за нагло менување на правилата во пилотските кабини

-

По падот на „ербасот“ на „Џерманвингс“ во Франција, Европската комисија сè уште не е се произнесува околу потребата за промена на правилата во пилотската кабина, откако истрагата, која е во тек, наведе дека копилотот, кој останал сам, најверојатно намерно го урнал авионот од засега непознати причини.

– Не е време за шпекулации. Истрагата е во тек и засега нема заклучоци. Ако има потреба да се променат правилата, со тоа ќе се занимаваме откако ќе се затвори истрагата. Сегашните правила дозволуваат да се преземат некои мерки додека тече истрагата, но сега не е време за одлуки. Како по „Шарли ебдо“, сега нашите мисли се со жртвите – изјави Мина Андреева, портпаролка на Европската комисија, одговарајќи на новинарски прашања.

Некои европски компании веднаш изреагираа. „Исландер“ и „Изи џет“, на пример, вчера најавија дека го активираат правилото секогаш да има две присутни лица во пилотската кабина во секое време. Доколку едниот пилот мора да отсуствува, тој ќе треба да чека да го замени член на екипажот пред да излезе бидејќи по терористичките напади во 2001 година, безбедносните правила на пилотските кабини се променети на таков начин што автоматски се заклучуваат.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...