fbpx

Стартува „Македонија вработува“ – 40 милиони евра за 20.000 вработувања

-

Проектот „Македонија вработува“ почнува денеска, а заинтересираните компании ќе можат да се пријават за да вработат лица кои се водат како невработени во Агенцијата за вработување.

Преку овој проект, се очекуваат до 20.000 вработувања за една година. Во зависност од тоа на која категоријата ѝ припаѓаат невработените, работодавците ќе бидат ослободени од плаќање придонеси од три до пет години.

Владата неодамна иницираше проект за намалување на невработеноста „Македонија вработува“, кој треба да отвори нови работни места, за оние помладите до 35 години и за повозрасните – од 35 до 50 години.

Со овој проект се опфатени и ранливите категории приматели на социјална помош, инвалидите и родителите на деца со пречки во развојот, со ослободување од плаќање придонеси од пет години и за повозрасните од 58 години со целосно ослободување од придонеси до пензионирање.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, изјави дека за секое новоотворено работно место компаниите ќе заштедат од 6.000 до 10.000 денари придонеси месечно.

Бидејќи државата ќе ги покрива овие трошоци, тоа буџетот ќе го чини од 72.000 до 120.000 денари годишно за секој вработен или вкупно – 40 милиони евра ако се извршат сите предвидени вработувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...