fbpx

Стапи на сила привремениот прекин на огнот во Јемен

-

Седумдесет и двочасовниот прекин на огнот во Јемен, каде веќе 18 месеци се војува, стапи на сила на полноќ.

Пред примирјето, арапската коалиција и шиитските бунтовници најавија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот, но дека ќе одговорат ако бидат нападнати.

Прекинот на огнот го иницирале Обединетите нации, кои навеле дека добиле уверувања од завојуваните страни дека ќе го почитуваат.

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија, од 26 март 2015 година бомбардира позиции на шиитските бунтовници, поддржувајќи го претседателот Рабоа Мансур Хеди, кој беше принуден да побегне од земјата.

Во Јемен војуваат меѓународно признаената влада и шиитските бунтовници, сојузници на претседателот Али Абдулах Салех, кој ја има поддршката на Иран.

Најмалку 7.000 лица загинаа, а околу 275.000 се ранети во судирите кои почнаа во март 2015 година, а во бегство се повеќе од 2,5 милиони лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...