fbpx

Спасовски: Извештајот за пропустите на МВР на 27 април е готов, на ред е Обвинителството

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција соопшти дека извештајот на работната група на МВР за насилствата од 27 април во Собранието на Република Македонија е готов и дека во него се утврдени правните пропусти и системските недоследности во Министерството.

Спасовски истакна дека МВР како државен орган „падна на испитот“ на 27 април, поради партизираноста на раководните структури.

– Ова Министерство мора да се департизира за да работи и за да функционира нормално. На граѓаните им должиме да го исчистиме срамот што се случи на 27 април – рече Спасовски.

Извештајот, како што наведе министерот, „филигрански“ прецизно ги детектира одговорностите за тоа што се случи во Собранието. Спасовски, сепак, не соопшти имиња бидејќи, како што рече, извештајот бил класифициран документ.

Тој ќе биде доставен до Јавното обвинителство, кое треба да ја утврди одговорноста на сите што ги пречекориле законските надлежности и околностите за упадот во законодавниот дом.

Спасовски рече дека работната група работела повеќе од еден месец и во овој период извршила увид во обемната службена документација, разговарала со голем број припадници на МВР и бил прегледан службен видеоматеријал и видеоматеријал од телевизиите.

Како што рече министерот, веднаш по настаните од 27 април, дел од структурите на МВР добиле задача за еден ден да направат извештај кој би ја оправдал работата на полицијата. Сепак, тој не откри по чија директива требало да се изработи овој извештај.

Досега, во врска со настаните во Собранието, од Сектрот за внатрешна контрола во МВР, како што рече Спасовски, сослушани биле 180 лица, суспендирани се 23, а биле поведени постапки за 45 лица. Разрешени полициски службеници засега нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...