fbpx

Славјанка Петровска се повлекува од трката за претседател на СДСМ

Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив, барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда, пишува во соопштението до медиумите

-

Кандидатката за претседател на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на внатрепартиските избори кои треба да се одржат утре.

Пред малку до медиумите стигна соопштение од „Манифест на социјалдемократијата“ како што и се нарекува програмата на Петровска, во кое се вели дека таа испратила писмо до партиската Централна изборна комисија (ЦИК) за повлекувањето на кандидатурата.

„Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам соучесник во ова погазување на статутот ве известувам дека ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ. Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда“, пишува во соопштението до медиумите.

Понатаму се вели дека Петровска на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, но не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења.

„Имајќи ги предвид основните политички начела поставени во Статутот на Социјалдемократскиот соуз на Македонија кои jа потврдуваат нашата заложба како социјалдемократи за целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, како и нашата заедничка заложба за одржување на фер, чесни и достоинствени избори за претседател на СДСМ, каде сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, вчера на состанокот одржан во просториите на СДСМ со претставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со која треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите“ се наведува во соопштението испратено до медиумите во име на Славјанка Петровска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агелер: Kорупцијата е огромен предизвик со кој С. Македонија мора да се справи

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Ангела Агелер денеска се сретна со министерот за правда Игор Филков на разговори за владеење на правото и борба против корупцијата. „Амбасадорката истакна...