недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: внатрепартиски избори | 14 резултати

ДУИ избра ново претседателство

15 октомври 2022

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово го одржа четвртиот состанок на Генералниот совет на кој беа избрани членовите на централното претседателство на партијата. За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети ќе биде организациски секретар, на местото на досегашниот Артан Груби. Фатон Ахмети е […]

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ, Деспотовски и Ременска со честитки

13 декември 2021

На внатрепартиските избори вчера членовите на владејачката партија СДСМ го избраа кандидатот Димитар Ковачевски за нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ, односно 86,5 отсто од активно регистрираните членови на партијата. Димитар Ковачевски освои 37.649 гласа, за Јован Деспотовски гласале 3.319 членови, додека […]

Вонредни внатрепартиски избори во СДСМ, се гласа за нов лидер на партијата

12 декември 2021

Двете најголеми политички партии во земјава денеска избираат нови лидери. На непосредни избори, владејачката СДСМ ќе го избира наследникот на досегашниот партиски претседател Зоран Заев, додека ВМРО-ДПМНЕ на редовниот конгрес ќе го реизбере актуелниот претседател Христијан Мицкоски како единствен кандидат. Гласањето на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ се одвива на 194 избирачки места во 80 […]

СДСМ со тројца, ВМРО-ДПМНЕ со еден кандидат, утре ќе бираат претседател на партиите

11 декември 2021

Двете најголеми политички партии во земјава утре одржуваат внатрепартиски непосредни избори. Во СДСМ членовите на партијата ќе гласаат на 194 избирачки места низ општинските организации во земјата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот. Изборот кај членовите на СДСМ е од тројца кандидати: Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски, коишто во изминатиов […]

Заев реизбран за претседател на СДСМ со излезност на 90 отсто од членовите

21 март 2021

Зоран Заев е реизбран за претседател на владејачката партија СДСМ. Од 68.990 активни членови на социјалдемократите, на денешното гласање излегле 90 отсто. Од нив, 60.840 гласале „за“, 888 гласале „против“ и 249 биле неважечки ливчиња. Заев беше единствен кандидат на изборите, на кои приврзаниците можеа да гласаат во 80 општински изборни комисии низ државата, на […]

СДСМ денеска гласа „за“ или „против“ реизбор на Заев за нејзин претседател

21 март 2021

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска на први, директни внатрепартиски избори го избира идниот претседател на партијата. Во 80-те општински изборни комисии низ државата, на 237 избирачки места, во периодот од 8 до 19 часот, гласаат 68.999 членови на партијата, кои се пријавиле за гласање на изборите. Единствен кандидат за претседател на СДСМ е актуелниот […]

Груевски: СЈО потврди дека „бомбите“ може да се монтираат, сечат и лепат

18 декември 2017

Судењата за „Траекторија“ и за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 се политички монтирани случаи заради остварување политичка цел, изјави денеска доскорешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, откако во Основен суд Скопје 1 се одржаа кратки рочишта од двете судења. Во врска со денешното рочиште за „Траекторија“, Груевски како „исклучително интересен […]

БГНЕС: „Античкиот“ Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

4 декември 2017

Во централата на ВМРО-ДПМНЕ најчесто се споменува името на Илија Димовски како најверојатен кандидат на Никола Груевски на местото претседател на партијата, наведува бугарската новинска агенција БГНЕС во текстот посветен на најновиот развој на настаните во најголемата опозициска партија во Македонија. Како што коментира БГНЕС, Димовски, како еден од членовите на извршниот комитет на партијата кои […]

Заев го информирал ЦО на СДСМ дека очекува нови министри до крајот на месецот

26 ноември 2017

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната седницата на централниот одбор на партијата, изразил очекување дека до крајот на овој месец ќе се донесат одлуките за кадровските решенија и за пополнување на местата што се испразнија по локаклните избори. Заев вчера, по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци, изјави дека до […]

Хилари Клинтон со убедлива победа во Вашингтон

15 јуни 2016

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, победи на последните внатрепартиски избори на демократите во Вашингтон и сега подготвено ќе ја чека партиската конвенција, која треба да се одржи кон крајот на јули во Филаделфија. На конвенцијата Клинтон и официјално треба да ја добие номинацијата за кандидат за претседател на САД на Демократската партија. Клинтон […]

Страна 1 од 1