Шестото издание на „Вино на штикли“ ќе се одржи на 12 септември

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат околу 150 различни вина од домашни и странски винарии

-

На 12 септември, ќе се одржи шестото издание на настанот „Вино на штикли“. Станува збор за вински настан, на кој посетителите ќе можат да пробаат вина од различни винарии, да вкусат различни деликатеси, како и да слушаат добра музика.

„Овој вински, но и моден и музички настан го организираме шести пат по ред годинава. Досега за учество се пријавија 20 винарии од Македонија и од странство. Посетителите ќе имаат можност за неограничена дегустација на 150 различни вина, домашни и странски“, вели Дејан Донев, претседсател на здружението за промоција на вино „Вински мускетари“, како и организатор на овој настан.

„Вино на штикли“ го поттикнува развојот на винската сцена и винската култура во државата, а придонесува и за изградба на вистинска винска заедница, од која дел се винарите и љубителите на вино.

Бројот на карти за настанот е ограничен, а истите може да се купат онлајн на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...