Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

Целосно нови учебници за седмо одделение ќе има од учебната 2025/2026 година

Photo by Taylor Flowe on Unsplash

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали, информираат во МОН. Оттаму велат дека за оваа цел донеле одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование, во седмо, осмо и во деветто одделение.

„Проблемот со генерацијата ученици кои од септември ќе бидат седмо одделение, настана поради тоа што досега не беа изработени нови учебници за нив, согласно новите наставни програми и Концепција. Иако претходното раководство јавно информираше дека сите учебници се изготвени и се печатат, реалноста е дека ниту еден не е испечатен, а најголем дел не се ниту изработени, ниту одобрени“, велат во МОН.

Целосно нови учебници за седмо одделение ќе има од учебната 2025/2026 година.

„Ако Концепцијата за основно образование која влегува во процес на ревидирање, согласно мислењата на наставниците и другите засегнати чинители во воспитно – образовниот процес, биде изменета и има потреба, ќе бидат изготвени и нови наставни програми и учебници и по други одделенија“, се додава во соопштението на МОН.