Рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од италијански стрип продолжен до 18 септември

Фото: Институтот Данте Алигиери

Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје информира дека рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 18 септември.

Победничкиот плакат кој ќе биде одбран од жири комисијата ќе биде официјален плакат на „Comics Day“ – Денот на италијанскиот стрип што ќе се одржи во октомври 2022 година.

Содржината на постерот треба да соодветствува со темата на Конкурсот, а за  учество е неопходно да се подготви дигитална верзија на делото [мин. 200 dpi / CMYK / jpg / 700x1000mm / вертикално].

Учеството е бесплатно, а на натпреварот може да се учествува во три категории, односно ученици од средните училишта во Северна Македонија, студенти на државните и приватните факултети на Северна Македонија и млади уметници – графички дизајнери, илустратори, стрип цртачи од Северна Македонија на возраст до 30 години.

Условите за учество како и формуларот за пријава на конкурсот се достапни на следниот ЛИНК. 

Создадените дела треба да се испратат на имејл адресата [email protected], а мејлот да се наслови со „Italijanski strip_kategorijaX“, X – е бројот на категоријата 1, 2 или 3.

Институтот „Данте Алигиери“ информира дека оние кои ќе влезат во најтесната селекција ќе имаат можност за директна средба и разговор со италијанските стрип уметници: Алесандро Билота и Серџо Гараси од Издавачката куќа Бонели, кои имаат работено на популарниот стрип Дилан Дог.