fbpx
Таг: постер

таг: постер

Лажна регрутација: Фалсификуван постер повикува бездомници да се борат за Украина

Постерот што се споделува во оваа објава на Фејсбук, со којшто се повикуваат бездомници или лица кои живеат од социјална помош да се приклучат во одбраната на Украина, не постои. Фотографијата којашто се користи во него може да се пронајде од 2021 година на сајтот за фотографии Пекселс. Од украинската амбасада во САД за странски проверувачи на факти изјавиле...

Рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од италијански стрип продолжен до 18 септември

Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје информира дека рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 18 септември. Победничкиот плакат кој ќе биде одбран од жири комисијата ќе биде официјален плакат на „Comics Day“ – Денот на италијанскиот стрип што ќе се одржи во октомври 2022 година. Содржината на постерот треба да соодветствува со...

Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

Рокот за доставување на изработените постери инспирирани од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 5 септември, информираат од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Тие заедно со Амбасадата на Италија во Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавија конкурс за изработка на постер во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи...

Објавен конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

Во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи во октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавува конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип. „Иницијативата има за цел да го поттикне интересот на младите...

Доделување награди на конкурсот за креација на постер „Данте 700“

Во рамките на 21-та недела на италијанскиот јазик во светот, која оваа година е посветена на 700 -годишнина од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери, Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Италија, објави конкурс за изработка на постер на кој се пријавија 170 учесници пратија вкупно 281 постери. Прво место за најдобар дизајн на темата...

Распишани конкурсите за поезија и дизајнерско решение за манифестацијата „100.000 поети за промена“

Манифестацијата „100.000 поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст - Струмица“ ги распиша поетскиот и конкурсот за дизајнерско решение на постери и плакати за овогодинешното издание на Фестивалот. Како што информираат организаторите, поезијата треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со глобалните и локалните промени. На овој конкурс можат да учествуваат автори од сите...

Павел Милановски од Куманово со својот постер победи на глобалниот натпревар на ФАО

Четиринаесет годишниот Павел Милановски од Куманово ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за постер кој им оддава чест на земјоделците како херои на храната, по повод Светскиот ден на храната во 2020 година. Милановски ја освои наградата во категоријата од 13-15 години, во конкуренција на деца и млади...

Секторот за климатски промени објави конкурс за постери под мотото „Климатска акција“

Секторот за проекти за климатски промени во УНДП објави конкурс за изработка на постер. Тој се спроведува како дел од официјалната кампања „Климата се менува, зошто не и ти“. „Сега повеќе од кога било важно е да останеме дома за нашето здравје и здравјето на сите околу нас! Да го претвориме предизвикот во можност, да се едуцираме за климатските промени. #СедиСиДома...

Почнува „Скопје постер-фестивал“

Вечерва во Младинскиот културен центар, почнува седмото издание на „Скопје постер-фестивал“, под мотото „Дизајн за мир“. Жирито на Фестивалот ќе треба да избере победници од вкупно 2.023 постери. Организатори се Здружението за графички дизајн „Плакарт“ и МКЦ.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...