РКЕ донесе одлука за намалување на цената на парното за околу 4 отсто

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4 проценти крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје.

„Скоро 56.000 потрошувачи приклучени на „Балкан енерџи груп“ или 93 проценти од вкупниот конзум ќе добиваат сметки пониски за 4,35 проценти. Нешто над 3.800 домаќинства кои се приклучени на „ЕСМ Енергетика“ ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57 проценти, додека потрошувачите кои се 501 на број и се приклучени на Скопје Север од 1 август ќе добиваат сметки пониски за 1,25 отсто,“ се вели во соопштението од РКЕ.

Според Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, денешните донесени одлуки се показател дека со начинот на кој ја пресметуваат цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите.

„Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење кое е најекономично и еколошко. Во однос на работата на компаниите, сакам да укажам дека со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од конзумот односно 93 проценти, останатите снабдувачи „Скопје Север“ и „ЕСМ Енергетика“ да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, се со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија,“ изјави Бислимоски.

Околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје, што за една година претставува раст на конзумот од скоро 2.000 нови потрошувачи.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...