fbpx

Речиси 70 отсто од германските инвеститори кои инвестирале во државата, повторно би го сториле истото

-

Речиси 70 отсто од германските инвеститори кои веќе инвестирале во државата, повторно би го сториле истото, покажува анкетата на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

„Резултатите не беа премногу изненадувачки, македонското стопанство е загрижено поради последиците кои ги предизвика пандемијата. Членовите на Македонско-Германското стопанско здружение посочија на проблеми кои се однесуваат на владеењето на правото, како и на политички проблеми,“ се вели во соопштението.

Актуелната деловна состојба во сопствените компании, испитаниците ја оценуваат со полоша оценка во споредба со изминатите години. Само осум отсто од испитаниците ја сметаат сопствената деловна состојба како добра, во 2019 година тој процент изнесувал 29, а 53 отсто од испитаниците како задоволителна, во 2019 година 61 отсто.

„Очекувањата кои ги имаат стопанствениците во однос на извозот се исто така полоши во споредба со 2019 година. Само 34 отсто од нив претпоставуваат дека извозот на нивните добра и услуги ќе се развие подобро во споредба со претходните години, во 2019 година, тој процент изнесувал 51. 40 отсто од испитаниците не очекуваат никакви промени во однос на извозот оваа година, додека 26 отсто од нив претпоставуваат дека ќе имаат намалување на извозот на нивните производи и услуги,“ се вели во анкетата.

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија анкетата ја спроведува редовно од 2006 година. Оваа година, истата била спроведена во периодот од 1 март до 14 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...