среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: стопанство | 20 резултати

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

март 17, 2021

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието. „Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. […]

Бесими: Антикризните мерки го ублажија падот на економијата кој ќе беше над седум проценти

декември 22, 2020

Антикризните мерки го амортизираа падот на економската активност, кој дојде како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на конференцијата „Социо-економско влијание на Ковид-19 во Северна Македонија – научени лекции и препораки за успешна и одржлива обнова“ во организација на УНДП и „Фајненс Тинк“. „Доколку не се делуваше брзо преку […]

Владата подготви уште 470 милиони евра за ковид-19 поддршка на економијата

септември 27, 2020

Четвртиот пакет економски мерки на Владата за помош на граѓаните и стопанството во кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19 ќе изнесува вкупно 470 милиони евра, објасни премиерот Зоран Заев денеска, презентирајќи го сетот од вкупно 31 мерка. Зборувајќи за поважните, Заев порача дека ќе продолжи поддршката на компаниите за исплата на плати за последните три […]

Арсовска: Нејасно е како ќе оствариме раст од 3,8 отсто кога влегуваме во изборна година

ноември 13, 2019

Претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска денеска реагираше за предвидениот економски раст во буџетот за следната година, намената на средствата како и тоа дека за стопанството се издвоени малку пари. „Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, […]

Во предлог-буџетот за 2019 најмногу средства за мерките за вработување и стопанството

ноември 13, 2018

Во предлог-буџетот за 2019 година најмногу средства досега се предвидени за активни мерки за вработување, издвоени се 1,1 милијарди денари, што е за 10 проценти повеќе во однос на годинава. Ако се направи пак споредба со 2017 година, оваа сума e двапати повисока, или трипати повисока во споредба со 2014 година. Согласно проекциите за идната […]

Анѓушев: Промената на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството

октомври 25, 2017

Kаква било промена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството на Македонија, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на отворањето на саемот „Технома“. – Измената на даноците нема да се случи без поширока расправа и за неа и медиумите и граѓаните и стопанствениците ќе бидат навремено информирани – […]

Европскиот стандард ќе го достигнеме за 30 години ако БДП има пораст од 4 процнети

септември 13, 2017

Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години доколку во наредните години домашниот бруто-производ (БДП) има пораст од 4 проценти, а порастот на БДП во ЕУ е 2 проценти. Ова го покажува најновата студија на Владимир Глигоров од Виенскиот институт, која денеска беше презентирана во „Холидеј ин“. На презентацијата, меѓу другите, присуствуваа премиерот Зоран […]

СДСМ: Богов ги потврди катастрофалните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

мај 25, 2017

„Денеска, дури и гувернерот на Народна банка, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политиките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски пораст на 2,5 проценти ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт кои што ја уништуваат економијата“, се вели во соопштението на СДСМ по повод намалување […]

ССК го предлага Александар Зарков за вицепремиер за економски прашања

мај 22, 2017

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори (ССК), Александар Зарков е предлогот од оваа комора за вицепремиер за економски прашања. Во нивното соопштение се вели дека на седницата на комората биле истакнати повеќе кандидати, а како најдобар кандидат бил посочен Александар Зарков. „Александар Зарков во моментов е носител на функцијата извршен директор на ССК и […]

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа

февруари 8, 2017

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа или по завршувањето на студиите мораат да се преквалификуваат. Ова меѓудругото се вели во анализата на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што последните години 500 студенти станале стипендисти на неколку поголеми компании со кои соработува универзитетот. – Дипломираните студенти ретко завршуват во струката за […]

Германските компании во Македонија вработуваат 20.000 лица

јануари 27, 2017

Претставништвото на германските комори во Македонија по 17-годишно дејствување во земјата прерасна во делегација, што претставува значајно унапредување на канцеларијата во германскиот систем на комори. Од комората информираат дека одлуката била донесена во Берлин, каде што детално била оценета работата на претставништвото на германските комори во Македонија во изминатите години. – Во 2000 година, кога беше […]

Министерство за финансии: Сумата што неделава се враќа во стопанството е 31 милион евра

октомври 18, 2016

„Сумата што Министерството за финансии ја враќа во стопанството неделава врз основа на државни хартии од вредност изнесува 1,915 милијарди денари. На денешната аукција запишани се 1,959 милијарди денари, иако дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов во своето соопштение до јавноста вчера тврдеше дека таа сума е за 17 пати повисока од сумата што се враќа во стопанството“, се […]

Наумов: Државата да се откаже од сите задолжувања

септември 13, 2016

„Денешното соопштение од Министерството за финансии дека, наводно, се откажале од ново задолжување, е срамен и неуспешен обид да се прикаже наводна грижа за стопанството. Вистината е дека денешната аукција на државни хартии не е откажана, туку во наредниот период од седум дена до наредната предвидена аукција не доспеваат долгови за враќање кон домашните кредитори“, […]

Македонски компании ќе учествуваат на Саемот за храна во Москва

септември 9, 2016

Седумнаесет македонски компании ќе учествуваат на големата саемска манифестација „Мир питание 2016“ (World food 2016) во Москва, од 12 до 15 септември 2016 година. Македонските производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук ќе имаат национален штанд кој ќе се простира на површина од 110 квадратни метри. – Се зголемува побарувачката за македонските земјоделски производи од страна […]

СДСМ: Миноски лаже дека задолжувањето на домашниот пазар се ближи кон „нула“

јули 29, 2016

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и неговите соработници ги лажат граѓаните преку официјалната интернет-страница на министерството, дека бил вратен долг кон стопанството и дека задолжувањето на домашниот пазар се приближило кон „нула“, обвини денеска СДСМ. Но, според податоци јавно објавени на друг дел од веб-страницата на Министерството за финансии, велат од СДСМ, јасно се гледа движењето […]

Министерството за финансии врати во стопанството 25 милони евра

март 4, 2015

Министерството за финансии врз основа на доспеани за враќање државни хартии од вредност, денеска врати вкупна сума од 2,8 милијарди денари (25 милиони евра). Вчера Министерството на аукција продаде државни записи во вредност од 1,28 милијарди денари.

Страна 1 од 1