fbpx

Ранети две лица во престрелка во Белград, едното е македонски државјанин

Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката од заталкан куршум

-

Две лица на возраст од 20 до 30 години биле ранети вчера пред ресторан за брза храна на улицата Максим Горки во Врачар, Белград, пренесуваат српските медиуми.

Според Н1, околу 19.40 часот било пукано кон А.П (26), кој се здобил со повреди во натколеницата, а на Новопазарска бил пронајден маж со две прострелни рани во грбот, случајно ранет во престрелката од заталкан куршум. Ова лице, Д.Л. (21) е македонски државјанин, ја пренесува МКД.мк потврдата од Министерството за внатрешни работи во земјава. Tој е во Ургентниот центар каде што му се врши хируршки зафат.

Три часа по пукањето, според српските медиуми, лицето што пукало, Н.Џ (20), било уапсено и одредено му е задржување во полициска станица до 48 часа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...