Пукање во бар на плажа во Ханиоти: Три лица се повредени

Полицијата прибирала изјави од очевидци за да се утврдат околностите под кои се случил инцидентот, но според локалните медиуми можно е да се вмешани лица од бугарската мафија

-

Вчера вечерта се случила престрелка во бар на плажа во Ханиоти, Халкидики, познато грчко одморалиште. Три лица се повредени, а едно од нив е во болница во тешка состојба, пишува Прототема, а пренесува Нова.рс.

Сè започнало кога група луѓе од Бугарија го повредиле сопственикот на барот и уште еден бугарски државјанин, удирајќи го со тупаници и клоци по лицето и телото.

По доаѓањето на местото на настанот, полицијата била известена дека сторителите на оваа пресметка поседуваат ножеви и палки и чекаат засилување.

Во меѓувреме, по само неколку минути, од локалот се слушнале истрели, по што полицијата идентификувала и уапсила петмина бугарски државјани, кои според дојавата, го нападнале сопственикот.

Во реонот биле пронајдени четири куршуми.

Полицијата прибирала изјави од очевидци за да се утврдат околностите под кои се случил инцидентот, но според локалните медиуми можно е да се вмешани лица од бугарската мафија.

Еден човек застрелан во градите

Според информациите од медиумите, двајца мажи имаат прострелни рани – едниот во градниот кош, а другиот во раката и се пренесени во болница.

Во здравствениот дом е пренесен и сопственикот на кафеаната.

„Пред околу 24 часа бев известен за сериозен инцидент со пукање и неколку лица вклучени во напад во бар на плажа. За точно две минути пристигнав на лице место како прв одговор со целата моја опрема и веднаш се фокусирав на човекот кој беше застрелан во градната коска. Барав конкретни инструкции да се справам со инцидентот бидејќи прв пат ме повикаа да се справам со рана од куршум. Во исто време побарав две амбулантни возила бидејќи имаше уште двајца повредени, а еден од нападнатите се имаше здобиено со повеќе удари во пределот на главата во комбинација со бибер спреј, притисокот му беше 200 со 135 а пулсот 165“, опишал еден од медицинските работници.

Со оглед на тоа што во моментот на судирот во кафеаната на плажата имало вечер со жива музика, на настанот имало и многу луѓе.

Тие побегнале од местото кога слушнале пукање.

„Имаше плачење, врескање и викање. Луѓето почнаа да бегаат. Сите излегуваа надвор. Извадија ножеви и пукаа. Мали деца трчаа надвор со своите родители. Настана паника“, изјавила за грчките медиуми жена која била на местото на инцидентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...