Едно лице е убиено пред трговскиот центар Мавровка, а по убиството сторителите побегнале. Кога полицијата се обидела да ги уапси тие пукале и кон полицијата, но нема повредени припадници на МВР.
Според првичните информации што ги објави ТВ Телма, убиен е бизнисменот В.М, а убиството го извршиле четири лица.
Потрагата по нив сѐ уште трае.
Ова е втора престрелка во последните 24 часа. Синоќа во населбата Ченто, едно лице беше повредено и пренесено во Клиничкиот центар.