Учениците од средното училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш, по повод Први април – денот на шегата, уште еднаш се приклучија на глобалниот тренд „Било што освен ранец“ (Anything But a Backpack).
Во текот на вчерашниот ден, за средношколците важело правило во училиште книгите и училишниот прибор да ги донесат во што било освен во ранец. Па така, учениците на училиште пристигнале со кофи, буриња, кошници, колички за пазарење, куфер, кафез, микробранова печка, тостер.
Учениците од ова радовишко средно училиште уште еднаш ја покажаа својата креативност, приклучувајќи се на светскиот тренд, a ваквата иницијатива за Први април ја започнаа минатата година.