fbpx

Просечната нето-плата во април изнесувала 41.085 денари

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата по вработен во секторите Образование, Земјоделство, шумарство и рибарство и Информации и комуникации

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април во земјава изнесувала 41.085 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Индексот на просечната исплатена нето-плата во споредба со истиот месец 2023 година изнесува 113,7. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна плата по вработен во секторите Образование (21,8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и Информации и комуникации (18%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април годинава изнесувала 61.703 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Спасено лице од Англија што од карпа паднало во Охридското Езеро

Несреќа се случила денеска во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје – едно лице паднало од карпа во водите на езерото и се здобило со повреди. По несреќата, на...