fbpx

Притвор за малолетници: претепале тинејџер, а откако тој изгубил свест, му го украле телефонот

Четворицата малолетници го пресретнале 16-годишникот кај игралиште во Незери и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале

-

Основното јавно обвинителство Скопје повело две постапки кои се однесуваат на насилство и разбојништво направено од малолетници.

Во првиот случај, до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесено е барање за поведување подготвителна постапка кон две деца на возраст над 15 години, за кривично дело насилство.

Случајот предизвика жестоки реакции во јавноста, посебно по објавеното видео кое стана вирално на социјалните мрежи. Според обвинителството, двете малолетнички, на 9 февруари, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, ја загрозиле сигурноста на друго девојче, вршејќи грубо насилство.

„Девојчињата прво разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле оштетената и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со ова предизвикале телесни повреди кај девојчето, како и чувство на вознемиреност во јавноста“, велат од обвинителството.

Во текот на постапката, јавниот обвинител предлага да се сослушаат децата во судир со законот и оштетената, како и сведоци на настанот, да се прибави вештачење на видот и карактерот на повредите, да се обезбедат снимки од сведоци на настанот, да се прибави мислење од Центарот за социјални работи, како и да се преземат сите други неопходни дејства.

Во однос на другиот настан, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка спрема четири деца на возраст меѓу 15 и 17 години, за кои постои сомнение дека извршиле разбојништво.

Според обвинителството, сите четворица, на 12 февруари, во близина на детско игралиште во населбата Нерези, со употреба на сила одзеле мобилен телефон од дете родено 2007 година.

„Оштетениот го пресретнале кај игралиштето и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале. За овие четири деца во судир со законот, кои се повторници во вршење и на други кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, судот определи мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи“, информира Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека со оглед на чувствителноста на постапките во кои како сторители и оштетени се јавуваат малолетни лица и неопходноста од целосна заштита на нивниот идентитет во текот на постапките, медиумите и општата јавност треба да избегнуваат сензационализми и поголема одговорност при известувањето, коментирањето и споделувањето на содржини и информации кои се однесуваат на кривични дела сторени од деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...