fbpx

Презентирана поезијата на Бозалонго, добитничка на наградата „Мостови на Струга“

-

НУ „Струшки вечери на поезијата“ го презентираше творештвото на Паула Бозалонго, добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга на млад светски автор.

Наградата ја доделуваат УНЕСКО и СВП за нејзината дебитантска книга „Декември и се бакнавме“. Делото содржи 26 песни поделени во два дела, кои донесуваат еден поетски јазик од кој зрачи особен сензибилитет, необременет од некаква вратоломна реторика, екпериментален или метафоричен израз. Тоа е поезија која носи рефлексии на извесни несигурности и стравови, неодлучности во потрагата по блискост.

„Лирскиот субјект одразува еден интимен лирски темперамент низ елегантните и смели измени на поетските слики, низ еден елегичен тоналитет во кој се случуваат нивните постојани преобразби. Оваа поезија извира од таа верба во трансформирачка моќ на емоциите, кои ги натопуваат поетските слики тежнеејќи да ја откријат повторно и да ја изменат внатрешната логика на времето и на просторот. Оттаму таа потрага по љубов, по блискост е истакната преку отсликаните претстави на простори и на предмети кои го содржат студенилото и отуѓеноста, и е проткаена во песната како еден придушен плач во бурата („Престижот на плачот“)“, образложуваат од СВП.

Паула Бозалонго е родена на 15 април 1991 година во Гранада, Шпанија. Студира архитектура во Мадрид. За нејзината книга „Декември и се бакнавме“ е добитник на престижната награда на едицијата „Хиперион“ во Шпанија, која веќе 30 години се доделува за поетски ракопис од млад автор. Нејзините песни се објавени во значајни книжеви списанија, не само во нејзината родна земја, туку и во други земји во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...