fbpx

Пожарот на Серта разгранет на три страни, во гаснењето се вклучи и армијата

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта

-

На падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар а сега се одвоени, информира Центарот за управување со кризи.

Пожарот е сега разгранет во Општина Неготино во атарот на с.Калањево, во Општина Конче – селата Горни и Долни Липовиќ и Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во гаснењето на пожарот на планината Серта наскоро ќе се вклучат и два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот на планината Серта од утринава се гаси од земја и од воздух. Во гаснењето, покрај пожарникарите од локалните територијални противпожарни единици, вклучени се и стотина припадници на Армијата, 30 полицајци, ловџии, шумски работници, а интервенираат и полициски и два армиски хеликоптери.

По наредбата од страна на претседателката и Врховен командант на вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски наредил ангажирање на потребни капацитети
на Армијата, соопшти Министерството за одбрана.

„Притоа, стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта. Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно“, додаваат од Министерството за одбрана.

Поради пожарите кои се активни неколку дена, владата прогласи кризна состојба која ќе трае 30 дена.

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...