Повредено момче во Панчево при „ТикТок“ предизвик

Момчето за време на „ТикТок“ предизвик се завиткал во фолија со помош на 15-годишно момче, а потоа се сопнало од влечка и паднало на бетонот, јави РТС

-

Момче од 13 години се здобило со полесен потрес на мозокот во Панчево, кога за време на „ТикТок“ предизвик се завиткало во фолија со помош на 15-годишно момче, а потоа се сопнало од влечка и паднало на бетонот, јави РТС.

Момчето било прегледано во Општата болница Панчево и не било хоспитализирано. Полицијата земала изјави и констатирала дека нема елементи на кривично дело.

Известено е и Вишото јавно обвинителство, но со оглед дека се уште немаат предмет, не можат да дадат повеќе информации.Инцидентот се случил на 4 август во Националната градина.

Јавноста дознала за овој инцидент откако мајката на повреденото момче на социјалните мрежи објавила дека нејзиниот син бил завиткан во фолија од пријател, поради што почнал да се гуши и паднал во бессознание.

Медиумите објавија дека повреденото момче само ја иницирало играта, а од Вишото јавно обвинителство за Блиц изјавиле дека се работи за несреќен случај и дека нема елементи на кривично дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...