fbpx

Повеќе од 50 луѓе во Индија починале од топлотен удар во изминатите три дена

Екстремните температури во Индија доаѓаат истовремено со парламентарните избори. Некои од починатите биле лица кои работеле на избирачките места, вклучително и чувари и лица одговорни за хигиена

-

Повеќе од 50 луѓе во Индија починале од топлотен удар во изминатите три дена, како последица на екстремните температури кои зафаќаат региони во земјата, пренесува Би-би-си.

Во Индија моментално се одржуваат парламентарните избори, кои траат повеќе од четириесет денови. Некои од починатите биле лица кои работеле на избирачките места, вклучително и чувари и лица одговорни за хигиена.

Федералното Министерство за здравство соопшти дека имало најмалку 56 потврдени смртни случаи од топлотни удари од 1 март до 30 мај. Во истиот временски период биле забележани околу 24.849 случаи на топлотен удар.

Во регионот Утар Прадеш, загинале 33 лица од топлотен удар, а 20 лица починале во регионот Одиша. Навдип Ринва, главен изборен офицер на Утар Прадеш, изјави дека на семејствата на починатите лица кои биле ангажирани во изборниот процес ќе им се дадат 1,5 милиони рупии, или 16,5 илјади евра.

Во некои региони во Индија максималната температура е 45 Целзиусови степени со денови. На 1 јуни во градот Чуру температурата достигнала 50 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски не кажал дека приоритет ќе му биде гасоводот со Србија

Иако Христијан Мицкоски зборувал за дополнителни интраконектори кон централна и централно-источна Европа, сепак од тоа не може да се изведе заклучок дека  кажал оти приоритет на Владата ќе биде...