Потпишан меморандум за соработка меѓу МВР и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби

Меморандумот има за цел развивање соработка при обезбедување и промовирање на правата на лицата со попреченост и нивните семејства преку организирање и спроведување на заеднички обуки

-

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Здружението на граѓани – Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

Меморандумот има за цел развивање на меѓусебна соработка при обезбедување и промовирање на правата на лицата со попреченост и нивните семејства преку организирање и спроведување на заеднички обуки за постапување и третман на овие лица.

Преку Центарот за обука на МВР ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација доколку при своето работење наидат на лице со попреченост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...