Поетско читање на „Сенката на Бодлер – Есеј за поетската определба“, вечерва во рамките на КРИК 07

Фото: КРИК - вчерашниот настан „Гозба или за љубовта“

Во рамки на програмата на КРИК – фестивал за критичка култура вечерва во предворјето на Даут пашин амам со почеток во 20:00 часотќе се одржи поетско читање и одбележување на двотомното издание на преводот од француски на англиски јазик на книгата на канадскиот професор Нејтан Браун, „Сенката на Бодлер — Есеј за поетската определба“.

Освен тоа, вечерва ќе биде промовирано и придружното издание на анализата на преведувачот Џед Расула што е заеднички издавачки меѓународен проект на Мултимедијалниот институт од Загреб и Контрапункт од Скопје. За изданието ќе говори Петар Милат, програмски раководител во Мултимедијалниот институт / MaMa во Згреб, Хрватска.

„Централна, неизбежна противречност се провлекува низ Цвеќињата на злото: да се биде одлучен значи да се одреди. Во Бодлеровата сенка, се разјаснува и теоретизира овој дијалектички проблем на определување кој се проткајува низ духовните, сексуалните, метафизичките, социјалните и естетските драми на обемот на Бодлер. Комбинирајќи блиска формална анализа на одредени песни со синтетичко разбирање на книгата како целина, притоа развивајќи филозофски пристап способен да се справи со нејзините сложени иронии, Браун ги проучува фигурите на посредување низ поглавјата фокусирани на смртта, празнината и актуелноста на општественото“, вели професорот Браун во описот за книгата.

Фестивалот за критичка култура – КРИК е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси. Оваа година тој се одржува по седми пат со богато исполнета културна програма што ќе трае до 1 јули. Повеќе околу програмата може да се види тука.