fbpx
Таг: поетско читање

таг: поетско читање

Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи од 24 до 28 септември

Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 24 до 28 септември на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. Ќе гостуваат поети од Данска, од Малта, од Франција/Сирија, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и над...

Објавена програмата за второто издание на Скопски поетски фестивал

Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ започнува на 29 август и истиот годинава ќе се одржува на две локации, во Младинскиот културен центар (МКЦ) ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања предвидени во програмата ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство. Од организацијата информираат дека неофицијално програмата ќе започне со настанот за млади поети и поетеси  -...

Повик за млади поети за учество на „Отскочна даска“ – предвесник на Скопскиот поетски фестивал

Во пресрет на Скопскиот поетски фестивал (СПФ) што годинава по втор пат ќе се одржи од 29 август до 1 септември во Младинскиот културен центар, организаторите најавуваат и натпреварувачки настан во поетско читање. „Отскочна даска“ е поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена, се наведува во најавата...

Изложба и проекција на филм во МКЦ за одбележување на 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Со изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“ на авторката Зоја Богдановска, која ја подготви Музејот на град Скопје, вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одбележи 59-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Како што велат од МКЦ, основната идеја на изложбата е пред публиката да се презентира хуманоста и солидарноста на народите од целиот свет, кои не...

„Скопски колажи“ – претставување на поетесата Валентина Бакти утре во Буква

Во кафе-книжарницата Буква, утре (27 јули), со почеток во 20 часот ќе се одржи настанот „Скопски колажи, претставување на Валентина Бакти“, каде српската поетеса ќе се претстави со изложба. „'Скопски колажи' е еден вид омаж на Валентина Бакти посветен на Скопје. Се состои од изложба на колажи и писма. Писмата се разменувани за време на нејзиниот резиденцијален престој во Скопје...

Прв книжевен фестивал во Малешевијата – „МалеМале“ ќе се одржи на 30 и 31 јули

„МалеМале“ е првиот книжевен фестивал во Малешевијата, кој на 30 и 31 јули ќе се одржи во Берово. Организатори на настанот се поетот Тихомир Јанчовски и Тања (Павлеска) Аждаја, а тие на фестивалот најавуваат учество на познати домашни автори од книжевната, музичката и уметничката дејност. „Со надеж дека ќе прерасне во традиција, МалеМале има за цел да го развигори културно-уметничкиот дух...

Поетско читање на „Сенката на Бодлер – Есеј за поетската определба“, вечерва во рамките на КРИК 07

Во рамки на програмата на КРИК – фестивал за критичка култура вечерва во предворјето на Даут пашин амам со почеток во 20:00 часотќе се одржи поетско читање и одбележување на двотомното издание на преводот од француски на англиски јазик на книгата на канадскиот професор Нејтан Браун, „Сенката на Бодлер — Есеј за поетската определба“. Освен тоа, вечерва ќе биде промовирано...

„Новите деца во градот“ – денеска во „Буква“ прва поетска средба на млади поети

Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска со почеток од 20:30 часот ќе се случи првата поетска епизода насловена како „Новите деца во градот“. Станува збор за нов концепт на поетски средби на млади, во обид да се збогати културната содржина на Скопје и да се чита убава поезија. Своја поезија ќе прочитаат поетите Павлина Атанасова, Марија Велинова, Благица Трајкоска, Ива Петреска, Софија...

Денеска слем поезија во центарот на Скопје и промоција на Зборник на Поетри слем

Во покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје, Поетри слем Македонија денеска со почеток од 19 часот ќе го промовираат Зборникот на националниот слем од 2020 година. Организаторите од Поетри слем Македонија ги покануваат граѓаните за присуство на настанот, потенцирајќи дека тој ќе биде најалтернативната можна промоција на книга. Настанот ќе биде јавен,...

Одбележувањето на годишнината од земјотресот продолжува со филмови и концерти

Во денешниот настан од манифестацијата „Зборува Скопје“, со која градот се потсетува на жртвите од земјотресот од 26 јули 1963 година, вечерва во 20.30 часот во галеријата „Графити“, кај автобуската постојка во ГТЦ ќе биде прикажан краткометражниот филмски колаж на младата режисерка Дина Дума, насловен „Скопје сонува“. Половина час подоцна, во 21 часот ќе биде изведен перформансот „Тивка реконструција...

Викенд на македонска култура во Солун

Солунската публика викендов имаше можност уште подобро да се запознае со современата македонска култура преку поетско читање на академик Влада Урошевиќ и концерт на музичката група Љубојна на фестивалот „Балкан фест“ каде Македонија беше почесна држава. Двата настани поминаа во позитивна атмосфера, без никакви проблеми и со бројна публика, покажувајќи уште еднаш дека културата и културната размена помага двете страни...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...