fbpx

Почина Исмаил Кадаре, главниот претставник на албанската литература

Кадаре, кој се спротивстави на режимот на Енвер Хоџа, доживеа срцев удар, соопштија од болницата во Тирана, а пренесоа светските медиуми

-

На 88-годишна возраст денеска почина славниот албански писател Исмаил Кадаре.

Кадаре, кој се спротивстави на режимот на Енвер Хоџа, доживеа срцев удар, соопштија од болницата во Тирана, а пренесоа светските медиуми.

Најпознатиот албански писател е роден во 1936 година во градот Ѓирокастро во јужна Албанија. Триесет години од својата писателска кариера, Кадаре живеел во комунистичка Албанија, каде што ги напишал и своите ремек-дела „Генералот на мртвата армија“, „Големата зима“ и „Мостот на три сводови“.

„The Wall Street Journal“ го опиша Кадаре како „еден од највпечатливите романсиери што пишува на кој било јазик“.

Кадаре бил академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание (1970-’82), потпретседател на Демократскиот фронт и еден од најголемите современи писатели. Неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.

Неговите дела се преведени на 50 јазици, со што претставува главен претставник на албанската литература ширум светот.

Во ноември 2022 година во Тетово на свечена академија, Исмаил Кадаре, беше прогласен за почесен граѓанин на градот, а признанието му го додели градоначалникот Билал Касами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ТАНЕЦ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник

Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење. Од почетокот на оваа година, фолклорниот ансамбл настапува под мотото „75 години Македонски код“. Покрај големите жештини кои...