fbpx

По протестите, Грузија го повлекува контроверзниот предлог-закон за „странски агенти“

Илјадници демонстранти изминативе две ноќи протестираа против законодавството за кое се сметаше дека ќе претставува авторитарна промена и оти може да ги попречи напорите на Тбилиси да се приклучи кон ЕУ.

-

Грузиската влада соопшти дека се откажува од контроверзниот предлог-закон за „странски агенти“, откако жестокиот отпор кон истиот кулминираше изминатите две ноќи со насилни протести. Предлогот наиде на критики дека е инспириран од сличен руски закон што се користи за задушување на несогласувањето.

Владејачката партија Грузиски сон соопшти дека ќе го повлече нацрт-законот што претходно го поддржала без резерви, со цел да се намали „конфронтацијата“ во општеството, пренесе „Гардијан“.

Илјадници демонстранти се собраа на протест против законодавството за кое се сметаше дека ќе претставува авторитарна промена и оти може да ги попречи напорите на Тбилиси да се приклучи кон ЕУ.

Грузија поднесе барање за кандидатски статус на ЕУ и се обидува да се приклучи на НАТО. Официјални претставници на Европската Унија го осудија предлог-законот како некомпатибилен со вредностите на ЕУ, пренесе Би-би-си.

Во своето соопштение, делегацијата на ЕУ рече дека потегот за отфрлање на законот е „најава за добредојде“ и ги охрабрува политичките лидери да продолжат со „про-ЕУ реформите“.

Синоќа стотици полицајци употребуваа водени топови и солзавец во судирите со демонстрантите во главниот град Тбилиси, а повеќе од 60 демонстранти биле уапсени пред парламентот, јави Гардијан.

Носејќи грузиски, украински и знамиња на ЕУ, демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот и извикуваа „Не на рускиот закон“. По повикот на главната опозициска партија, Обединетото национално движење, тие ја блокираа и централната авенија Руставели.

Законот предвидуваше сите граѓански организации кои повеќе од 20 отсто од финансирањето го добиваат од странство, да бидат регистрирани како „странски агенти“ или да се соочат со значителни казни. Сличен закон во 2012 година во Русија беше искористен за сузбивање на невладините организации и медиумите финансирани од западни земји.

Антируското чувство е вообичаено во Грузија, која беше дел од Советскиот сојуз, поради долготрајната руска поддршка за два сепаратистички региона и кратката руска инвазија на земјата во 2008 година. Многу Грузијци ја поддржуваат Украина во борбата против руската агресија, додека според најновите анкети, 85 отсто од граѓаните на Грузија го поддржуваат членството во ЕУ.

Големи протести во Грузија по новиот предлог-закон за странски агенти

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Седмоодделенците ќе учат од старите учебници, нови ќе се печатат в година

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука (MOН) и Бирото за развој на образованието (БРО) изнајдоа решение за непречена договорено е учениците од седмо одделение од 1 септември...