fbpx

Османи: Очекуваме поддршка од Естонија во 2018, која е историска за нашата ЕУ-интеграција

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за време на работната посета на Естонија, се сретнал со високи претставници на државата, како директорот на канцеларијата за европски прашања, Клен Јарац, претседателот на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, Томас Витсут, и со претседателот на парламентарната група помеѓу Македонија и Естонија, Ерик Нилс Крос.

На средбите се разговарало за билатералната соработка помеѓу Македонија и Естонија, регионалната соработка во рамки на земјите од Западен Балкан, како и за проширувањето на Европската Унија со земјите од регионот.

„Следната година претставува историска година за Македонија по прашањето на нашите интеграции и за тие наши амбиции, очекуваме поддршка од  Естонија“, истакна Османи.

Соговорниците дискутирале и за справувањето со европските предизвици, како што се лажните вести, пробивот на радикалниот популизам, национализмот, геополитичко влијание од Исток, предизвиците на мигрантската криза итн.

Претходно, во рамки на својата работна посета на Естонија, Османи се сретна и со министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...