Организациска директорка на клиниката за токсикологија обвинета за злоупотреба на службена положба

Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против организациска директорка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Според обвинителството, таа во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

„Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, изборниот законик и законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман“, велат од обвинителството.

Оттаму додаваат дека таа на списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Руската пропаганда се обидува да ја дестабилизира Франција и да посее раздор во НАТО и ЕУ

Во јуни 2023 година Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска веб-страница. Претходно уште во февруари француската влада предупреди за мрежа...