fbpx

Општина Кочани избра лабораторија за дополнително мерење на аерозагадувањето

-

Лабораторијата „Еколаб“ од Прилеп, е избран изведувач за дополнително мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Кочани. Задачата на лабораторијата е да ја утврдува состојбата со ПМ-честичките и издувните гасови во воздухот на локации детектирани од страна на инспекциските служби.

Аерозагадувањето во Кочани има константно повисоки вредности, поради што, по вонредната инспекција компанијата „Пејпр мил“ за производство на пластични кеси, доби 30-дневна забрана за работа од Државниот инспекторат. Констатирано е континуирано надминување на граничните вредности за дозволени емисии на јаглерод диоксид во отпадните гасови што излегувале од котларницата на оваа компанија.

На компанијата ѝ е даден рок за отстранување на недостатоците во системот за производство. Оваа компанија има А еколошка дозвола, што ја доделува Министерството за животна средина и просторно планирање. И покрај бројните реакции на граѓаните, кои се жалеа на гребење во грлото и чувство на киселина во воздухот, вонредната инспекцијата следеше ден по работната посета на заменик-министерот Јани Макрадули.

-Од големо значење е и неодамнешното решение на Државниот инспекторат за животна средина, а нашите апели се сите поединци, институции и компаниите што поседуваат интегрирани дозволи да работат одговорно и совесно – соопштија од Општина Кочани.

Во меѓувреме, Општината почна со вонредни инспекциски контроли од тимовите што работат во две смени на територијата на целата општина.

Во еден дел од градот е констатирано редовна активност на палење гуми, што  редовно се пријавува од граѓаните. Како една од преземните мерки е најавата за силиконско затворање на делот од градската депонија кај селото Бели, со цел да се спречи палењето и излегувањето на метанот во воздухот.

„Мета“ веќе информираше дека ЈП „Водовод“ почна да ги собира остатоците од оризовите нив, кои завршуваат на компостирање, со цел спречување на пожарите од стрништата, кои дополнително го загадуваа градот. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...