fbpx

Охрид: „Амбасадор“ и „Галеб“ понудија солидарна помош за загрозените

-

Охрид утринава осамна на -12 Целзиусови степени. Како што условите стануваат сè потешки, така се јавуваат примери на солидарност и подготвеност да се помогне. Покрај активноста на волонтерите на Црвениот крст, внимание привлече повикот од хотелот „Амбасадор“, кај Подмоље. За да им излезат во пресрет на сограѓаните и на сите луѓе што веќе подолг период немаат електрична енергија, а дел од нив и вода, од хотелот порачуваат кај нив да се згреат, искапат, ако немаат храна, и да се нахранат.

– Стоиме на располагање за каква било помош. Вашите потреби од типот на перење, топлина, тековно хигиенско одржување, капење, можете да ги извршите во нашите сместувачки капацитети бесплатно. Сите кои се најзагрозени, кои имаат мали дечиња, слободно да нè посетат во просториите на хотелот 24 часа, сè додека ситуацијата не се врати во нормала – повика менаџментот на хотелот преку охридското „Супер радио“.

На свој начин, координирано се приклучија и од охридската АД „Галеб“, фирмата која во Охрид го врши градскиот превоз. Преку нивната официјална страница на „Фејсбук“, информираа дека се приклучуваат кон акцијата и нудат бесплатен превоз за сите до хотелот „Амбасадор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...