Од почетокот на годината Африка со над 18.700 случаи на мајмунски сипаници, СЗО со највисок степен на тревога

Првите случаи на вирусот MPox беа пријавени и надвор од Африка оваа недела, во Шведска и во Пакистан

-

Од почетокот на годината, во Африка се регистрирани 18.737 потврдени случаи на зараза со вирусот мајмунски сипаници или сомнителни случаи на овој вирус, од кои 1.200 се во последните седум дена, објави Здравствената агенција на Африканската унија (Африка ЦДЦ).

СЗО проласи највисок степен на тревога.

Во Македонија, на 6 август имало пријава за сомнителен случај на мајмунски сипаници, но со тестови се потврдило дека пациентот е негативен на вирусот. Ова го изјави д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје која додаде дека нема простор за паника поради ширењето на мајмунски сипаници во светот и дека Македонија е подготвена да реагира согласно препораките на Светската здравствена организација.

Според податоците на здравствената агенција на Африканската унија, регистрирани се неколку варијанти на вирусот, а потврдени се 3.101 случај, 15.636 се сомнителни за вирусот, а 541 лице починале во 12 земји на континентот.

Повеќе случаи се регистрирани од почетокот на 2024 година отколку во текот на целата 2023 година (14.838), наведува агенцијата.

Во Демократска Република Конго, која е епицентарот на епидемијата, регистрирани се речиси сите потврдени случаи, а има и најмногу сомнителни случаи.

Од почетокот на 2024 година се регистрирани повеќе од 500 смртни случаи.

Случаи се пријавени во 26 провинции на земјата, која има околу 100 милиони граѓани.

Бурунди, кој граничи со ДРК, има пријавено 173 случаи (39 потврдени, 134 осомничени), што претставува зголемување од 75 отсто за една недела.

Во Африка се шири нов вид на вирус кој беше откриен во Демократска Република Конго во септември 2023 година, наречен „клад Иб“, кој е посмртоносен и позаразен од претходните.

Првите случаи на вирусот MPox беа пријавени и надвор од Африка оваа недела, во Шведска и во Пакистан.

Вирусот Mpox, порано наречен мајмунска сипаница, е вирусна болест која се шири од животните на луѓето, но исто така се пренесува преку близок физички контакт со лице заразено со вирусот. Симптомите вклучуваат осип и симптоми слични на грип. Ако не се лекува може да биде фатално.

Новиот вид предизвикува осип по целото тело, додека претходните соеви предизвикувале локализиран осип на устата, лицето или гениталиите.

Вирусот првпат беше откриен кај луѓето во 1970 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...