fbpx

Обвинетите во „Пуч“, Соња Верушевска и Бранко Палифров, ќе се бранат од слобода

-

Одделот за организиран криминал и корупција на скопскиот Кривичен суд им ги укина куќниот притвор, односно мерката притвор на Соња Верушевска и на Бранко Палифров, обвинети во случајот „Пуч“. Како што информираат од Основниот суд Скопје 1, на обвинетните им е определена гаранција во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот и им биле одземени пасошите.

Освен од адвокатите на обвинетите, предлог за укинување на куќниот притвор на Верушевска и на притворот на Палифров, до судот биле поднесен и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и за корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги уважи предлозите на обвинетите Бранко Палифров и Соња Верушевска, поднесени преку нивните бранители, за укинување на мерката притвор односно мерката куќен притвор и замена на истата со друга мерка за обезбедување присуство за водење кривична постапка. Воедно советот го прифати и предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за укинување на мерката притвор за двајцата обвинети и определување гаранција и мерки за претпазливост. Со тоа мерката притвор на обвинетиот Бранко Палифров од Струмица, определна со решение на судија на претходна постапка од 31 јануари 2015 година, а продолжувана со решенија на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корпуција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, заради основано сомнение дека сторил кривично дело насилство спрема претставници на највисоки државни органи, и мерката куќен притвор на обвинетата Соња Верушевска од Скопје, определена со решение на Апелациониот суд од 24 јули 2015 година поради основано сомение дека сторила кривично дело шпионажа се укинуваат“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Во случајот „Пуч“, обвинети се и поранешниот директор на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, и лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Почетокот на судскиот процес за „Пуч“ е закажан за среда идната недела (5 август).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...