fbpx

Објава на Фејсбук невистинито поврзува светски компании со лабораторијата во Вухан

Објава полна со непроверени и неосновани тврдења прави лажни врски и поврзаности за сопственост помеѓу повеќе светски компании вклучувајќи ги „Фајзер“, лабoраторијата во Вухан, Сорос, Бил Гејтс

-

Објава полна со непроверени и неосновани тврдења прави лажни врски и поврзаности за сопственост помеѓу повеќе светски компании вклучувајќи ги „Фајзер“, лабoраторијата во Вухан, Сорос, Бил Гејтс. Во објавата се изнесени повеќе тврдења, а поголем дел од нив се невистинити и измислени, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува лажна теорија на заговор што сугерира неосновани врска помеѓу фармацевтските компании „Фајзер“ и „GlaxoSmithKline“ и кинеската лабораторија во Вухан како и помеѓу други компании и лица:

Кинеската биолошка лабораторија во Вухан (види слика подолу) му припаѓа на Глаксо што случајно го поседува Pfizer, кој случајно управува со финансиите на Black Rock, кој случајно управува со финансиите на Open Foundation Company (Soros), која случајно ја опслужува француската AXA, а германската компанија Winterthur случајно ја изгради кинеската лабораторија, која случајно е купена од Германската Алијанса . n и случајно го има Вангард како главен акционер, кој е акционер на Блек Рок, кој ги контролира централните банки и управува со 1/3 од глобалниот инвестициски капитал, кој случајно е главен акционер на Мајкрософт и Гејтс, кој случајно е акционер на Pfizer и моментално е првиот спонзор на СЗО!!! и сето тоа од тоа, случајно прашината ја бираат нив и нивните милијарди, дека никогаш нема да бидат задоволни!

Во објавата на почетокот се тврди дека биолошката лабораторија во кинескиот град Вухан, како и фармацевтската компанија „Фајзер“ се во сопственост на Глаксо. Ова не е вистина. „GlaxoSmithKline“ (GSK) е британска фармацевтска компанија, која не е сопственик ниту на „Фајзер“, ниту на Институтот за вирологија во Вухан – официјалното име на биолошката лабораторија.

Институтот за вирологија во Вухан е основан во 1958 година и е главно државно финансирана лабораторија. Таа е дел од Кинеската академија на науките (CAS), која пак, е управувана од Државниот совет на Народна Република Кина.

Во писмото објавено во списанието Nature во 2019 година, се споменува дека:

CAS никогаш не барал или постигнал финансиска автономија. Во текот на изминатите 40 години, половина од нејзиниот приход доаѓа директно од инвестиции на централната влада. CAS не може да се развие без финансирање и поддршка од централната влада.

Иако „Глаксо“ (GSK) има заеднички вложувања со „Фајзер“, двете се посебни компании. Всушност, „Фајзер“, која е американска мултинационална фармацевтска корпорација нема еден сопственик, туку е во сопственост на низа институции, а главен акционер е Vanguard GroupCNN Money ја објави листата на топ 10 сопственици на Фајзер и GlaxoSmithKline не се наоѓа на листата на акционери.

Во 2018 година, Фајзер и GSK влегле во заедничко вложување за да создадат врвна глобална компанија за здравствена заштита на потрошувачите. Сепак, тоа партнерство завршило во 2019 година. Во изјавата за затворање на партнерството се вели:

ГСК има намера да го одвои заедничкото вложување како независна компанија преку разделување на сопствениот капитал на своите акционери.

Тие не се поседуваат или контролираат едни со други на кој било начин. Тие се посебни и независни компании. Оттука, тврдењето дека „GlaxoSmithKline“ е сопственик на „Фајзер“ е невистинито.

„BlackRock“ е американска мултинационална корпорација за управување со инвестиции. Има инвестиции и акции во различни компании ширум светот. Официјалните податоци потврдуваат дека, „BlackRock“ поседува 7,5 отсто од акциите на GSK. Бидејќи GSK има 1553 институционални сопственици и акционери, не е точно да се тврди дека GSK е управуван од „BlackRock“.

Милијардерот Џорџ Сорос и неговата Фондација Отворено општество се мета на теоретичарите на заговор уште од појавата на коронавирусот. Фондацијата Отворено општество е најголемиот приватен финансиер на добротворни и невладини организации во светот. Но, нема достапни докази за каква било можна поврзаност помеѓу „БлекРок“ и Фондацијата Отворено општество на Сорос, како што пишува во објавата.

„AXA“ која исто така се споменува, е француска осигурителна компанија. Таа е најголемата осигурителна компанија во светот, но нема докази за поврзаност помеѓу Фондацијата Отворено општество и „AXA“.

Компанијата „Winterthur“ за која се тврди дека е германска и дека ја изградила кинеската лабораторија  „Винтертур“, всушност, е  швајцарска осигурителна компанија. Но, таа не се занимава со градежна дејност. Исто така, лабораторијата во Вухан е отворена и управувана од Владата на Кина. Оттука, ова тврдење е, исто така, невистина.

Во објавата дополнително невистинито се тврди дека милијардерот и филантроп Бил Гејтс е акционер на „Фајзер“. Бил Гејтс и неговата филантропска Фондација Бил и Мелинда Гејтс немаат никаков удел во Фајзер. Фондацијата додели средства на „Фајзер“ за поддршка на развојот на вакцината за стрептокока од групата Б (GBS) за пристап до земјите во развој во 2016 година. Исто така, во објавата се тврди дека Бил Гејтс е првиот спонзор на Светската здравствена организација што не е точно. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс не се наоѓаат на листата на финансиери на Светската здравствена организација.

Според сите наведени факти можеме да заклучиме дека објавата e полна со непроверени и неосновани тврдења и лажни врски и поврзаности, затоа  ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Просечната нето-плата во април изнесувала 41.085 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април во земјава изнесувала 41.085 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на просечната исплатена нето-плата во споредба со истиот...