Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Во Скопје во моментов има под 3.000, а цела Македонија помалку од 6.000 активни случаи на ковид-19. Бројот на активни случаи е намален на 5.933, од кои во Скопје се впишани вкупно 2.778 заболени лица од ковид-19. Намалувањето на вкупниот број на активни заболени лица од корона вирусот го регистрира Министерството за здравство, кое информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања.

Притоа, регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 140, Прилеп – 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1.

Регистрирани се 998 оздравени пациенти од: Скопје – 620, Куманово – 36, Тетово – 35, Охрид – 33, Струмица – 28, Кавадарци, Велес и Гостивар – по 25, Битола – 18, Ресен и Дебар – по 16, Делчево и Штип – по 15, Прилеп и Гевгелија – по 13, Неготино, Струга и Кичево – по 8, Пробиштип и Македонска Каменица – по 5, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка, Виница, Крушево и Пехчево – по 3, Кочани, Демир Капија, Радовиш и Валандово – по 2, Берово, Свети Николе и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 4 починати лица. Починати се по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г). Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, а на починати е 2.959.