Нобеловата награда за мир за новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов – од Филипини и Русија

Photo> Ill. Niklas Elmehed © Nobel Prize Outreach.

Нобеловата награда за мир за 2021 година ја добија новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов, од Филипини и Белорусија, соопшти Норвешкиот Нобелов комитет, што ја доделува оваа награда.

Двајцата добитници се почествувани за нивните напори да ги бранат слободата и трајниот мир, односно за борба за слободата на изразување во Филипини и Русија. Истовремено, тие се претставници на сите новинари што стојат зад идеалите во светот во којшто демократијата и слободата на медиумите се соочуваат со растеж на противнците, порача Нобеловиот Комитет.

Марија Реса ја користи слободата на изразување за да ги изложи злоупотребата на моќта, користењето насилство и растечкиот авторитаријанизам во нејзината родна земја, Филипини. Во 2012 година таа беше со-основач на Rappler, компанија за дигитални медиуми за истражувачко новинарство, со коешто уште раководи. Реса се покажа како бестрашен бранител на слободата на изразување, критикувајќи го режимот на Дутерте.

Дмитриј Андрејевич Муратов со децении ги брани слободата на изразување во Русија под се потешки услови. Во 1993 година тој беше еден од основачите на весникот „Новаја Газета“. Од 1994 година, тој е главен уредник на весникот, веќе 24 години. „Новаја Газета“ е најнезависниот весник со критички став кон актуелната власт во Русија, пишува Нобеловиот комитет.